Црна хроника
Жител на Доброште претепан во Кичево

Жител на прилепското село Доброште со тешки телесни повреди бил донесен во петокот изутрина во Медицински центар Кичево, откаде поради сериозноста на повредите истиот бил пренесен во Ургентен центар Скопје.
Од обавениот разговор, дознаено е дека околу 03,00 часот во Кичево, Н.М. бил физички нападнат од страна на две непознати лица, кои го удирале со метален бокс, соопшти полицијата.Се превземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Граната од Втората светска војна пронајдена во Бардовци

Вчера околу 13 часот во СВР Скопје е пријавено дека при вршење на градежни работи во с.Бардовци, скопско, била пронајдена стара експлозивна направа.
Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, а била известена и Дирекцијата за заштита и спасување и било констатирано дека станува збор за граната која најверојатно потекнува од Втората светска војна.
Гранатата ќе биде безбедно подигната од страна на Дирекцијата за заштита и спасување.
Црна хроника
Тешка сообраќајна несреќа кај Блаце, едно лице загина

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот од село Горњане кон село Блаце.
Според информациите од МВР, вчера во 17.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат од с.Горњане кон с.Блаце, скопско, товарно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(46) од с.Желино, тетовско, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал Б.Ш., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Предизвикале пожар на градската депонија: уапсени две лица во Демир Хисар

Вчера во 13.30 часот полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода С.Ф.(28) и А.С.(48), двајцата од Прилеп.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик.
Имено осомничени се дека предизвикале пожар на градската депонија во Демир Хисар, а при преглед кај нив се пронајдени предмети со кои го предизвикале пожарот.
Според полицијата, по документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава.