Црна хроника
Спречен обид за нелегално внесување на 30.000 швајцарски франци
Царинските службеници на Аеродромот Александар Велики спречија обид за нелегално внесување на 30 илјади швајцарски франци, соопштено е во петокот.
Во четвртокот околу 20.00 часот, со лет од Mulhouse пристигнал македонски државјанин од с.Бојане – Скопје Сарај кој се определил за зелениот канал каде поминуваат патници кои немаат ништо за пријавување за царинска контрола.Лицето е селектирано за царинска контрола, при што во внатрешниот џеб од сакото, царинските службенци пронајдоа вкупно 42 илјади швајцарски франци.Согласно законот за девизно работење, резиденти можат слободно да внесат девизни средства во противвредност од 10 илјади евра, а износ над овој мора да биде пријавен на Царина.Од парите, 12 илјади швајцарски франци му се вратени на сопственикот додека останатиот износ, т.е. 30 илјади франци се одземени. Против прекршителот е покрената прекршочна постапка за сторен девизен прекршок. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.