Европа
ОБСЕ: Нема причини да се зборува за уништување на доказите од местото на несреќата

Сите предмети на патниците од урнатиот малезиски авион се наоѓаат на местото на несреќата и се обезбедени, и да се зборува за уништување на докази од страна на (проруските) бунтовници нема никаква причина, изјави претставникот на специјалната мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Мајкл Бочуркив, одговарајќи на обвинувањата на украинските, на кои им се приклучија и малезиските власти, за наводно уништување на докази од несреќата на патничкиот авион „Boeing 777“ со вкупно 298 патници членови на екипажот на компанијата „Malaysia Airlines“ на летот МН17 од Амстердам за Куала Лумпур кој се урна во четвртокот на украинска територија во близина на границата со Русија.
„На местото на несреќата видовме многу остатоци, тие не се преместувани, тие се чуваат. Исто така, видовме силно изгорени детали. Фрагменти во боите типични за ’Malaysia Airlines’ расфрлани на територија од околу 30 километри. Видовме и многу лични предмети на патниците, документи, кеси од дјути фри продавницата на амстердамскиот аеродром, багаж“, изјави Бочуркив одговарајќи на прашањето дали претставниците на мисијата на ОБСЕ забележале дека недостига каков и да е материјал од местото на трагедијата.
Појасни и дека телата на настраданите кои се пронаоѓаат на местото на катастрофата, се изнесуваат до патот.
Претходно во саботата ткн премиер на самопрогласената Народна Република Донецк Александар Бородај изјави дека припадниците на проруските ткн народни милиции на самоодбраната коишто ја контролираат територијата на која падна малезискиот авион воопшто „не пипnале ништо од местото а несреќата“, но и дека е загрижен за хуманитарната несреќа, бидејќи телата на загинатите се распаѓаат на жештината.
„Телата на невини луѓе лежат на горештината. Доколку одложувањето продолжи, си земаме право да ги подигнеме телата. Ја повикуваме Rуската Федерација да ни помогне и да ни испрати свои експерти“, изјави Бородај.
На прес-конференцијата во Донецк изјави дека нему не му е јасно зошто најавените меѓународни експерти сé уште не се пристигнати на местото на несреќата и заклучи дека украинската влада не е заинтересирана за објективна истрага. Додаде дека на истражителите на ОБСЕ на коишто во петокот не им беше дозволен поголем пристап на територијата на несреќата, ќе можат целосно да се запознаат со истрагата.
Инаку во петокот навечер беше потврдено дека во Киев отпатувале експерти за авионски несреќи на Интерпол, од Холандија и Малезија, како и дека група украински криминалистички инспектори рано утрото во саботата го посетила местото на несреќата каде разгледувале и правеле скица на местото на падот на малезискиот патнички авион „Boeing 777“ .
Меѓутоа, Киев обвинува дека проруските бунтовници ги измениле доказите на место на падот на авионот, што би можело целосно да ја поремети истрагата, на што се надоврза и малезискиот министер за транспорт кој сé уште не е пристигнат во Украина.
„Целото место на несреќата е компромитирано и постојат знаци дека клучните докази не се сочувани на местото на настанот. Таквото однесување на местото на падот на авионот може да ја искриви истрагата. Неспречувањето на таквите мешања претставува предавство на загинатите. Мораме да имаме целосно слободен пристап на целото место на несреќата и мора да ни биде гарантирано дека не се изменети доказите на местото на несреќата. Најважно е да се одреди кој го урнал малезискиот авион. Бараме правда“, рече на прес-конференција во Куала Лумпур малезискиот министер за транспорт Лиов Тионг Лаи, кого тамошните медиуми го потсетуваат дека за четири месеци ова е втор авион од истата компанија која доживува несреќа, откако на 8-ми март мистериозно исчезна авионот на летото за Пекинг, а владата на Малезија е обвинувана дека криела податоци од летот и непознато отстапување од рутата.
Речиси истовремено украинската влада ги обвини проруските бунтовници, кои ги обвинува I дека го урнале малезискиот авион, дека „се обидуваат со поддршка на Русија, да уништат докази од ова меѓународно злосторство“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Експлодира бензинска пумпа во Рим, неколку повредени, тројца со сериозни изгореници

Неколку лица се повредени, меѓу кои тројца со сериозни изгореници, по експлозија на бензинска пумпа во Рим, јавуваат медиумите.
#Últimahora 🚨 Sentida en #Roma una fuerte explosión originada en un depósito de combustible de #Centocelle. Hay varios heridos.#Rome #Italia #Italypic.twitter.com/DNyPh0Vr7e
— eSPAINews (@eSPAINews_) July 4, 2025
Силна експлозија на дистрибутивна станица за бензин, дизел и течен нафтен гас на Виа деи Гордијани се слушнала во целиот италијански главен град.
Локалниот портал „Рома тудеј“ објави фотографија, на која се гледа огромен облак од чад и пламен над бензинската пумпа.
BREAKING: A powerful explosion struck a fuel depot on Via dei Gordiani in Rome, Italy, injuring multiple people. pic.twitter.com/Aw0EM1dhEW
— Weather Monitor (@WeatherMonitors) July 4, 2025
Агенцијата за јавен превоз во Рим, „Атак“, соопшти дека блиската метро-станица Теано е затворена по наредба на полицијата.
Европа
(Видео) Украинците со дронови нападнаа трафостаница во близина на Москва

Украина изврши напад со беспилотно летало врз областа Сергиев Посад во близина на Москва рано утрово, при што едно лице беше повредено и беше прекинато снабдувањето со електрична енергија во делови од верски значајниот центар, изјави раководителот на областа.
„Ги молам сите да останат смирени, да не се приближуваат до прозорците, да не ја фотографираат работата на воздушната одбрана“, напиша Оксана Јероханова во објава на апликацијата за пораки Телеграм.
Таа рече дека во округот – на околу 75 километри од Кремљ – биле пријавени најмалку четири експлозии и дека е оштетена трафостаница, оставајќи делови од округот без електрична енергија.
Drones strike Russia’s Sergiyev Posad in the Moscow region, with a power station among the damaged targets. pic.twitter.com/H2vVCwddql
— KyivPost (@KyivPost) July 4, 2025
Административниот центар на округот, градот Сергиев Посад, се смета за религиозен центар на Московскиот регион и духовно срце на Руската православна црква.
Руското Министерство за одбрана соопшти на Телеграм дека единиците за воздушна одбрана уништиле 48 украински беспилотни летала над пет руски региони преку ноќ. Министерството, кое известува само за бројот на беспилотни летала што ги уништиле неговите сили, а не за бројот на летала лансирани од Украина, не го наведе Московскиот регион како регион каде што биле соборени беспилотните летала.
Европа
(Видео) „Ова беше една од најлошите ноќи во Киев досега“, вели украинскиот министер за надворешни работи

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека синоќа во Киев било „апсолутно ужасно и бессоно“ и „едно од најлошите досега“, откако Русија започна масовен, повеќечасовен ракетен и напад со дронови, врз украинската престолнина.
„Стотици руски дронови и балистички ракети паѓаа врз Киев“, објави Сибиха на платформата Икс.
Absolutely horrible and sleepless night in Kyiv. One of the worst so far.
Hundreds of Russian drones and ballistic missiles rained down on the Ukrainian capital.
Right after Putin spoke with President Trump. And he does it on purpose.
Enough of waiting! Putin clearly shows… pic.twitter.com/R0mlfUgJRx
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) July 4, 2025
Тој додаде дека нападот бил извршен веднаш откако рускиот претседател Владимир Путин разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, заклучувајќи: „И тој го прави тоа намерно“.
„Доста чекање. На Москва мора веднаш да ѝ се воведат најстрогите можни санкции“, рече тој. Сибиха ја повика меѓународната заедница да престане да чека и решително да реагира.
„Путин јасно покажува целосно непочитување кон САД и сите оние кои повикаа на крај на војната. На Москва мора веднаш да ѝ се воведат најстрогите можни санкции. На Украина мора да ѝ се дадат сите потребни средства за нејзина одбрана“, рече тој.
Тој, исто така, предупреди дека одлуките што одложуваат можат само да го охрабрат агресорот да продолжи со теророт, заклучувајќи: „Секој криминален режим во светот сега внимателно ги следи потезите и реакциите на Путин на нив. Ако се извлече со ова, пораката ќе им биде јасна на сите. Престанете да чекате мир. Дејствувајте за да го постигнете. Мир преку сила“.
Киев синоќа беше под интензивно гранатирање со часови. Руските сили нападнаа најмалку 13 локации во градот, а според градоначалникот Виталиј Кличко, повредени се најмалку 19 лица, од кои 14 се хоспитализирани.