Топ
Приведени вкупно 97 илегалци кои работеле како градежници кај Стара железничка

Бројот на приведени илегалци кои работеле како градежници на градилиштата кај Стара железничка во Скопје од 50 се искачи на 97. Сите се странци без регулиран престој во Македонија и работеле непријавени.
„ Денеска (23.01.2021) во Скопје, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север при БЈБ – МВР спроведоа контрола на градежни објекти на фирма од Република Турција помеѓу бул.„Кирил и Методиј“ и ул.„Јордан Мијалков“ поради сомнение дека повеќе странски државјани непријавени работат на објектите и незаконски престојуваат во Република Северна Македонија. Притоа, на објектите биле затекнати 97 странски државјани кои немаат регулиран престој и кои работат непријавени. Тие биле приведени и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. Исто така, соодветни пријави ќе бидат поднесени против фирмата и против 15 други фирми-подизведувачи“, велат од МВР.
Попладнево, додека се уште траеше приведувањето, МВР извести дека се приведени 50 градежници, но дека контролата се уште трае. Сите се пронајдени на градилиштата зад „Рамстор“ каде што турската компанија „Лимак“ која се преставува како една од најголемите градежни компании во светот гради подземна сообраќајница и деловно- трговски комплекс со четири дваесетканици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Москва нападната со дронови, затворени сите аеродроми

Русија соопшти дека Украина синоќа извршила напад со беспилотни летала насочени кон Москва. Сите четири главни аеродроми во Москва беа затворени неколку часа од безбедносни причини, но подоцна беа повторно отворени, соопшти руската агенција за надзор на воздухопловството „Росавијација“.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти на социјалните мрежи дека најмалку 19 украински дронови биле уништени пред да стигнат до градот „од различни насоки“. Тој додаде дека дел од остатоците од дронови паднале на клучен автопат, но нема жртви.
Ukrainian drones approached the capital of Russia, Moscow, tonight.
The Russian side claimed the interception of 19 Ukrainian strike drones by Russian air defenses. pic.twitter.com/cOkhmN0MFF
— Status-6 (Military & Conflict News) (BlueSky too) (@Archer83Able) May 5, 2025
Украина сè уште не дала коментар. Но, градоначалникот на Харков тврди дека Русија го нападнал и неговиот град со дронови преку ноќ. Во исто време, гувернерите на руските региони Пенза и Воронеж велат дека биле цел на украински дронови.
Непотврдени извештаи од руски воени блогери сугерираат дека прозорците на еден стан во јужна Москва биле скршени во нападот. Ова е втора ноќ по ред Русија да известува за напади со украински дронови. Вчера, руското Министерство за одбрана објави дека 26 украински дронови биле уништени преку ноќ.
❗️🇺🇦⚔️🇷🇺 – Ukrainian drones attacked Moscow and 13 other Russian regions on May 5, 2025, disrupting three major Moscow airports—Domodedovo, Vnukovo, and Zhukovsky—and targeting military and energy sites up to 700 miles from Ukraine’s front lines.
The strikes, which mark a… pic.twitter.com/UEPZAQMs1O
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) May 5, 2025
Од целосната инвазија на Русија врз Украина пред повеќе од три години, Киев изврши неколку напади со беспилотни летала врз Москва. Три лица беа убиени во најголемиот напад во март.
Најновите напади доаѓаат откако вчера се појавија извештаи за нови обиди на Украина да го нападне Курскиот регион. Киев вчера објави дека погодил командна единица во близина на селото Тјоткино во Курскиот регион.
Москва минатиот месец објави дека ја вратила целосната контрола врз Курскиот регион, девет месеци откако украинските сили започнаа изненадувачка инвазија. Сепак, Киев инсистира дека сè уште има војници кои дејствуваат преку границата.
Македонија
На многумина ќе им бидеме пречка, но како премиер нема да отстапам од правото да говориме на македонски, јазикот е нашиот неспорен идентитет, вели Мицкоски

Пред осумдесет години, на оваа почва, се кодифицираше македонскиот литературен јазик. Тоа беше повеќе од административен чин. Тоа беше признавање на една длабока, искрена, долга и тешка борба на еден народ за свое име, свој израз и своја самобитност. Оваа кодификација не произлезе преку ноќ. Таа беше плод на децении работа и истрајност на големи луѓе и на генерации интелектуалци, учители, поети, новинари, читатели. Секој од нив вложи збор, мисла, срце, истакна премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.
Македонскиот јазик, кажа Мицкоски, живее во мислата на секој Македонец каде и да е.
„Во 21 век судбината на малите народи е постојано да се потврдуваат, борат и држат до своето право на идентитетско обележување. Најмоќните пропаганди се тие кои удираат по идентитетските обележја. И неретко ние како нација сме ги имале таквите удари, а болката е поголема кога тие доаѓаат од домашните луѓе кои ваму или таму, поради разноразни лични или лукративни интереси ќе оспорат или невнимателно ќе внесат сомнеж кон некоја историска вистина која нас не потврдува како народ и нација. Јазикот е нашиот бедем и неспорен идентитет, и јас како премиер нема да отстапам од нашето цивилизациско право да говориме на македонски, да се претставувам на македонски, да се радуваме, тагуваме и да пееме на нашиот многувековен, ќе повторам многувековен македонски јазик. Тоа го правеле нашите дедовци, тоа ќе го прават и нашите деца. Затоа на многумина ќе им засметаме, на неколкумина ќе им бидеме пречка, но секогаш знам дека работам за моите граѓани и нашата заедничка татковина“.
Владата, како што рече, ќе продолжи да инвестира во македонскиот јазик, преку образовни реформи, дигитални проекти, речници и стандардизација.
Македонија
Љутков: Македонскиот јазик низ историјата помина низ многу предизвици и тешкотии

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска се обрати на Свечената академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, што се одржа под покровителство на претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, во Македонската академија на науките и уметностите.
Во обраќањето, министерот Љутков истакна дека македонскиот јазик низ историјата помина низ многу предизвици и тешкотии.
„Македонскиот јазик низ историјата го помина своето длабоко страдалништво. Распнат меѓу забрани и негирања, меѓу туѓи азбуки и премолчени идентитети, тој беше тивко присутен, но секогаш жив. Како низ трнлив пат исполнет со предизвици, и македонскиот јазик минуваше низ тешкотии, но никогаш не се покори. И кога беше забрануван и кога беше понижуван и кога се обидуваа да го замолчат, тој во себе ја носеше силата на истрајноста и обновата“, рече Љутков.
Љутков потсети дека во мај 1945 година, македонскиот јазик конечно стана слободен, признат, кодифициран. Добивме јазик, додаде тој, со свое име, со своја граматика, со свој правопис и затоа сме должни да го говориме, да го чуваме, да го негуваме, да го пренесуваме со љубов и знаење. Затоа, додаде тој, во ова време на брзи промени, грижата за македонскиот јазик станува чин на современ патриотизам.
„И таа грижа не е декларативна. Таа е институционална, одговорна и долгорочна“, рече министерот.
„Со јасна заложба на македонската Влада и Министерството за култура и туризам, востановуваме Инспекторат за правилна употреба на македонскиот јазик – институција создадена да укажува, едуцира, советува и да го потсетува општеството дека јазикот е нашето заедничко скапоцено богатство и наш врвен национален приоритет“, рече Љутков.
Министерот истакна дека во овие осум децении, македонскиот јазик стана медиум на литературата, науката, театарот, филмот, музиката, образованието каде што секоја нова генерација внесува нов ритам, ново дишење, нова слика. „Затоа треба да му пристапуваме на македонскиот јазик со љубов, со знаење, со грижа. Да го говориме правилно, да го пишуваме точно, да го учиме со радост и да го живееме со достоинство“, истакна Љутков.