Црна хроника
Кривични пријави за тројца струмичани за кражби од 2 милиона денари
Радовишката полиција Радовиш, до Основниот јавен обвинител Струмица на 13-ти овој месец кривично ги пријавила С.П (22), Н.Ж (21) и Ф.П (27) од Подареш поради основано сомневање дека сториле повеќе кривични дела “кражби“ и “тешки кражби“ на подрачјето на Радовиш во текот на 2008 и 2009 г.
Од вкупно 28-те кривични дела, најголем дел се извршени во куќи, во два случаи во фирми и во еден случај кражбата е извршена во продавница. Делата се извршени со употреба на подесен алат и разбивање брави од влезни врати, со насилно отворање на прозорци. Притоа одземени се пари, златен накит, дијаманти, дигитални фотоапарати, мобилни телефони, велосипеди, керамички плочки и друго, при што е причинета вкупна материјална штета во висина од 2.196.020 денари. Првопријавениот во врска со поднесена кривична пријава за извршено кривично дело тешка кражба на подрачјето на општина Штип веќе се наоѓа во притвор, додека на второпријавениот од страна на истражен судија му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. На третопријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 20 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

