Црна хроника
Уапсен Али Красниќи, братот на Агим

Полицијата ги уапси братот на Агим Красниќи, Али, и нивниот роднина Кадри Красниќи, утрово во полициска акција во скопското село Кондово
Неофицијално, во две куќи на семејството Красниќи во селото Кондово, утврово бил извршен претрес. Во полициската акција било пронајдено и одземено оружје, за кое никој немал дозвола. Али и Кадри Красниќи, кои полицијата за време на претресот ги затекнала во куќите, биле уапсени и пренесени во полициска станица каде се врши распит.За братот на Агим, Али Красниќи, полицијата има распишано потерница од 2005 г.Официјално, полицијата денеска изведе две одвоени акции, во кои беа извршени претреси во осум објекти на подрачјето на Кондово и Гази Баба, со цел пронаоѓање лица барани со судски потерници. МВР соопшти дека осомничените се бараат за недозволено поседување и тргување со оружје како и други сторени кривични дела. При претресите се пронајдени и одземени три пиштоли и поголема количина муниција, еден автомобил и еден компјутер, кои се предадени на натамошно вештачење, соопштуваат од полицијата.На службен разговор се повикани 13 лица и тоа петмина од кондовската група и осуммина од Гази Баба. Најавени се и кривични пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен Италијанец во Штип, возел пијан

Денеска во 01:08 часот во Штип, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Штип го лишија од слобода 54-годишниот А.Т. од Италија.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал при што констатирале дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле констатирани 1,68 промили алкохол во крвта.
Тој веднаш е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Тешко повреден прилепчанец, повредена и неговата сопатничка: удриле во куче со мопедот и паднале на патот

Во Полициската станица Прилеп, вчера околу 18:10 часот било пријавено дека на ул.„Мице Козар“ во Прилеп, мопед со прилепски регистарски ознаки, управуван од Џ.А.(51) од Прилеп удрил во куче и паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила неговата 15-годишна сопатничка, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
Црна хроника
Прегазен маж во Струмичко

Вчера во 13:15 часот во СВР Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село кај с.Ново Село, патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.А.(33) од с.Зубово удрило во пешакот Ж.Ј.(47) од с.Габрово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.