Црна хроника
Полицајци примиле поткуп за да не пишат казна, заработија кривични пријави
Двајца полицајци од Куманово, за да не пишат казна за сообраќаен прекршок, побарале и примиле поткуп од лицето што го сторило прекршокот.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против полициските службеници Д. Д. (24) и Е. С. (29).
„Полициските службеници, за да не извршат службено дејство што морале да го извршат, односно да не изготват записник за сторен сообраќаен прекршок и прекршочен платен налог на возач што сторил сообраќаен прекршок, побарале и примиле поткуп во материјални добра, што, по пријавувањето на случајот, се пронајдени кај полициските службеници и му вратени на сопственикот.
Полициските службеници се суспендирани од своите работни места до завршување на постапката за утврдување дисциплинска одговорност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

