Спорт
Грабеж во домот на Анчелоти, ќерка му „очи в очи“ со крадците

Италијанските медиуми денеска соопштуваат дека домот на тренерот на Евертон, Италијанецот Карло Анчелоти во Мерсисајд синоќа бил мета на крадци.
Информациите се дека инцидентот се случил синоќа околу 18.30 часот.
„Пријавено е дека двајца мажи влегле на имотот на улица Хол Роуд Ист околу 18.30 часот. Престапниците носеле црни маскирни одела, а станарите не се повредени“ се вели во соопштението на полицијата. Оттаму соопштуваат и дека исчезнал сефот од куќата.
Медиумите пренесуваат дека Анчелоти не бил дома кога се случил грабежот, но неговата ќерка била во домот, па нејзиното присуство најверојатно ги исплашило крадците, кои веднаш побегнале. Успеале само сефот да го земат, иако намерата им била да ја пребараат целата куќа.
Ќе се анализираат и снимките од камерите во куќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Покоњоли е нов тренер на Монако

Францускиот клуб Монако, го назначи 38-годишниот поранешен белгиски репрезентативец Себастијан Покоњоли за нов тренер на тимот. Тој го наследува Австриецот Ади Хутер, кој го напушти клубот на 10 октомври, соопшти официјалниот сајт на клубот.
Како играч, Покоњоли настапуваше за Генк, АЗ Алкмар, Стандард, Хановер, Вест Бромич Албион, Брајтон и Унион Сен Жил.
По завршувањето на играчката кариера, тој започна тренерска кариера со младинскиот тим на белгискиот Унион Сен Жил во 2021 година. Потоа работеше со младинските тимови на Генк и белгиската репрезентација до 18 години.
Од летото 2024 година, Покоњоли беше старши тренер на првиот тим на Унион Сен Жил, а сега го презема предизвикот во Монако.
Спорт
ВИДЕО: Рубен Невеш го посвети голот на трагично загинатиот пријател Диого Жота

Фудбалската репрезентација на Португалија стигна до драматична победа со 1-0 против Ирска во квалификациите за Светското првенство 2026. Голема улога имаше Рубен Невеш од Ал-Хилал, кој постигна победнички гол во 91. минута.
Претходно, Кристијано Роналдо промаши пенал, што ја зголеми тензијата на теренот.
Oh my world Ruben Neves has killed the Irish hopes! Portugal beats Ireland in stoppage time #PORIRE pic.twitter.com/yNov95PeJZ
— The Final Whistle (@Rufus_45) October 11, 2025
Но, најемотивниот момент следеше по голот на Невеш. Камерите го уловија како го слави погодокот, а на неговата нога се гледаше тетоважа со ликот на починатиот Диого Жота, кој трагично загина во јули.
Сцената го трогна целиот стадион и навивачите пред телевизиските екрани. Минути порано, во 21. минута, фановите веќе му оддадоа почит на Жота со бурни аплаузи.
Спорт
Норвешка ѝ даде поддршка на Палестина, но сега се соочува со строги санкции од ФИФА

По сè што се случи синоќа на натпреварот помеѓу Норвешка и Израел, Норвежаните би можеле да добијат строга казна од ФИФА за пораките што ги испратија.
Норвешка го победи Израел на крилата на Ерлинг Халанд, а конечниот резултат од овој натпревар беше дури 5-0 во корист на домашната селекција.
Сепак, сè можеше скапо да ги чини бидејќи ги прекршија правилата на ФИФА на натпреварот одигран на стадионот „Улевал“ во Осло.
Оваа земја е една од најгласните кога станува збор за поддршка на Газа, а синоќа решија повторно да го покажат тоа.
Претходно, тие побараа од Норвешка да му се забрани на Израел да учествува во сите натпреварувања, исто како што беше направено со Русија.
На трибините на стадионот во Норвешка синоќа имаше многу палестински знамиња, како и транспаренти и извици од трибините поврзани со поддршка за Газа.
Јасно е дека правилата на ФИФА беа прекршени, а сега се појавија информации за тоа каква казна би можеле да добијат Норвежаните.
Имено, тие можат да очекуваат високи казни, затворање на стадиони, па дури и одземање бодови во некои „луди“ сценарија.
Србија претходно двапати казнета поради политички извици и истакнување политички транспаренти.
Пред самиот натпревар, се одржаа протести пред норвешкиот парламент, а потоа сите со палестински знамиња отидоа на стадионот.