Црна хроника
Затвореници пуштени на викенд се степале за пејачка
Двајца затвореници кои биле пуштени на викенд се степале во ноќниот клуб „Корзо“ во Битола, соопштува МВР. Во тепачката двајца гости се повредени, а едниот бил пренесен и во клиничка болница во Битола
Тепачката се случила завчеравечер околу 4.30 часот кога две групи на гости се степале меѓусебно заради пејачката која настапувала во клубот. На едната страна меѓу кои биле затворениците биле тројца, а на другата страна биле двајца гости од ресенско. Помногубројната група почнале да фрлаат маси, столици, шишиња и ги нападнале другите гости. Против учесниците во тепачката ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Откриена марихуана во автомобил на кумановец
Скопското обвинителство побара притвор за кумановецот во чиј автомобил беше пронајдена марихуана, соопшти денеска ЈОРСМ. Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Куманово, бидејќи постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
– Во автомобил со кој управувал осомничениот во Скопје полицијата пронашла околу пет килограми марихуана, спакувана во вакумирани најлонски ќеси ставени во куфер во багажникот, соопшти денеска ЈОРСМ.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Црна хроника
Татко ја претепал 16-годишната ќерка во семејниот дом
Полициски службеници од СВР Штип го привеле Т.Ј. (44) од Кочани, по претходна пријава дека физички ја нападнал својата 16-годишна ќерка, соопштија од полицијата.
Според пријавата, на 5 јануари 2026 година, во семејниот дом, Т.Ј. со употреба на тврд предмет ја нападнал неговата ќерка и ѝ го одзел мобилниот телефон.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Кривична пријава за обид за убиство во Охрид, маж пукал кон возач
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Т. (40) од охридското село Лескоец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Убиство во обид“, информираат од полицијата.
Како што се наведува во соопштението, на 30 декември 2025 година околу 01:00 часот, М.Т. со огнено оружје пукал кон паркирано патничко возило „Голф“ во близина на струшкото село Ливада. Возачот, Џ.Д.П. (40) од Охрид, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга.
Потоа, со закани кон сопатничката во возилото, М.Т. ја принудил да влезе во неговото возило. СВР Охрид ја поднесе кривичната пријава поради сериозноста на настанот и постоењето основи за сторено кривично дело.

