Спорт
Јута не запира, Кари го торпедира Кливленд, Бруклин без Дурент победи во Сакраменто
Јута Џез славеше над Филаделфија 134:123 во дуелот на водечките тимови во Источната и Западната конференција во НБА-лигата. Јута е во серија од осум победи, најдобриот тим во лигата има 19 поебеди на последните 20 натпревари.
Дуелот на водечките екипи во своите конференции го обележаа Бен Симонс и Џордан Кларксон.
Џордан Кларксон ја предводеше Јута со 40 поени. Тој сериозно ја истакнува кандидатурата за најдобра шестти играч во лигата. Во отсуство на Џоел Ембид, Филалдлефија ја предводеше Бен Симонс со 42 поена, шест поени помалку постигна Тобајас Херис.
Без Кевин Дурент, Бруклин Нетс во Калифорнија го победи Сакраменто Кингс со 136:125. Кајри Ирвинг постигна 40 поени, а Џејмс Харден забележа трипл-дабл од 29 поени, 13 скока и 14 асистенции.
На спротивната страна доминира Хасан Вајтсајд со 26 поени, 16 скока и пет блокади.
Голден стејт Вориорс го декласира Кливленд Кавалирс со 129:98. Блескаше Стеф Кари со 36 поени и шест асистенции. Кари постигна седум тројки од 11 обиди. Покрај Кари, се истакна и Дрејмонд Грин со 16 асистенции и по осум поени и скокови.
Резултати:
Индијана-Чикаго 112:120
Вашингтон-Хјустон 131:119
Њујорк-Атланта 123:112
ЛА Клиперс-Мајами 125:118
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Елмас со Наполи го освои Суперкупот – Давид Нерез со два гола ја реши Болоња
Фудбалерите на Наполи со трофеј ја завршиша 2025 година. Актуелните италијански шампиони, во ројад, го освоија Суперкупот, со победата над Болоња (2:0). Мечот, с два гола, го реши Бразилецот Давид Нерез. Наполи трет пат во историјата го крена трофејот во Суперкупот, претходно тоа му успеа во 1990 и 2014 година.
Тимот на Антонио Конте, во чии редови од стартот на теренот беше Елиф Елмас, речиси рутински ја совлада Болоња. На противникот во текот на целиот меч му дозволи само една шанса.
Наполи доминираше од стартот, а Елмас ја промаши првата голема шанса за Наполи. Македонскиот репрезентаивец, во 10-та минута од речиси идеална позиција шутираше крај голот на Раваља.
Втората голема шанса ја пропушти Спинацола во 37-та минута. Имаше ситуација „еден на еден“, но Раваља со брилијанта интервенција спречи водство на Наполи.
Две минути подцна голманот на Болоња капитулираше. Давид Нерез, од 23 метри постигна спектакуларен гол.
Во вториот дел Болоња ја имаше единствената шанса во 55-та минута, а казната стигна две минути подоцна, кога Нерез ја казни грешката на Раваља.
Еламс на теренот остана до 68-та минута, кога на неговото место влезе Ноа Ланг.
Foto/ depositphotos
Спорт
Минамино ја заврши сезоната, веројатно го пропушта Светското првенство
Играчот од средниот ред на Монако и јапонската репрезентација, Такуми Минамино (30), сериозно го повреди коленото, во неделата, на натпреварот од Купот на Франција против Оксер и веројатно ќе го пропушти Светското првенство следното лето во САД, Мексико и Канада.
Минамино претрпе руптура на предните вкрстени лигаменти на левото колено и го чека операција.
„За време на натпреварот против Оксер, нашиот играч од средниот ред Минамино го повреди левото колено. Лекарските прегледи покажаа руптура на предните вкрстени лигаменти“, објави клубот од Кнежевството.
Јапонецот е во Монако од јули 2022 година и досега постигна 23 гола на 120 натпревари. Тој одигра 73 натпревари и постигна 26 гола во дресот на Јапонија.
На Светското првенство, Јапонија ќе игра во групата Ф заедно со Холандија, Тунис и една екипа од квартетот Украина, Шведска, Полска и Албанија.
Foto/ depositphotos
Спорт
Филкруг пристигна во Милано, утре ќе потпише договор со Милан
Напаѓачот на Вест Хем, Никлас Филкруг, вечерва слета во Милано. За утре се закажани медицинските тестови, доколку успешно ги мине ќе стане член на Милан.
Напаѓачот на Вест Хем, Филкруг, треба да му се придружи на Милан како позајмен играч со опција за откуп од Вест Хем.
Во среда, на Бадник според новиот календар, Филкруг ќе тренира под водство на Масимилијано Алегри за прв пат и ќе биде достапен за првиот натпревар во 2026 година против Каљари, благодарение на специјалното одобрение од Фудбалскиот сојуз на Италија.
Некои медиуми од Апенините пишуваат дека, по завршувањето на сезоната Милан ќе може да го откупи договорот на Германецот за сума од 11 до 13 милиони евра.
Филкруг не беше во преден план оваа сезона во Вест Хем оваа сезона, одигра само 413 минути во девет настапи. Германскиот напаѓач сè уште нема постигнато гол во натпреварувачката сезона 2025/26.
Foto/ depositphotos

