Црна хроника
Притвор за поранешниот дечко на Каролина и Натали!
Четворица од петтемина осомничени за шверц на скапа луксузна облека добија 30-дневен притвор.Еден од нив е Аладин Балиќ, алијас Дино, во јавноста попознат како поранешен дечко на манекенката Натали и поп-пејачката Каролина
Четворица од петтемина осомничени за шверц на скапа луксузна облека добија 30-дневен притвор. Истражниот судија вчера одлучи да ги лиши од слобода првиот човек на царинската испостава “Гевгелија” Александар Ристовски и скопјанецот Митхат Каевиќ, возач и сопственик на ИТ “Митхат” Скопје. Притвор им е одреден и на двајцата основачи на фирмата “Гемак Фешн”, Аладин Балиќ и Алтин Малиќи. Балиќ на јавноста и е познат како Дино поранешното момче на поп-пејачката Каролина, како и на манекенката Натали. Малиќи пак е син на сопственикот на позната скопска компанија која увезува алкохол и техничка стока. На Балиќ и Малиќи мерката притвор им е изречена во отсуство. Тие се недостапни за полицијата, во моментот се наоѓале надвор од државата.
Директорката на фирмата “Гемак Фешн” Иснија Шерифовска ќе се брани од слобода, а како гаранција дека ќе доаѓа кога ќе биде побарана од страна на судот, го оставила нејзиниот пасош.
Според МВР Балиќ кој има 31 година, неговиот врсник Малиќи, Шерифовска и шоферот Каевиќ се теретат за сторени кривични дела “криумчарење” и “царинска измама”, а триесет и петгодишниот Ристовски, раководител на Царинска испостава Гевгелија добил кривична пријава за сторено кривично дело “криумчарење”. Против фирмата “Гемак Фешн” е поднесена пријава за “царинска измама”.
Балиќ и Малиќи, според МВР, во 2008 година создале криминална група заедно со останатите пријавени, при што во периодот 2008 до 2009 г., во четири наврати, од фирмата “Спортина Блед” ДОО од Словенија набавиле и избегнувајќи ја царинската контрола нелегално прокриумчариле во Македонија луксузна, брендирана текстилна стока од марките Армани, Кавали, Долче и Габана во вкупна вредност од 13.270.992 денари или околу 216 000 евра. Таквата облека ја продавале преку бутикот “Република Делла Мода” во ГТЦ Скопје, со што избегнале да платат вкупно 6.964.005 денари или околу 113 500 евра оштетувајќи го државниот буџет.
МВР смета дека на првоосомничените кои ја организирале групата им помогнала управничката на “Гемак Фешн” Скопје, која изготвувала и потпишувала документи, меѓу кои и налози со кои ова Друштво вршело плаќање на стоки кон фирмата “Спортина Блед” од Словенија, кои биле предмет на криумчарење и царинска измама. Пријавените, во текот на ноември 2008 г. од Друштвото “Спортина Блед” ДОО од Словенија набавиле текстилна брендирана стока во износ од 79.151 евра која била транспортирана со товарно моторно возило сопственост на “Гемак Траде” од Скопје, управувано од Каевиќ, којшто на влез во земјава на граничниот премин “Богородица” во постапка за царинење приложил фалсификувана фактура на износ од 21.392 евра, износ што е значително помал од реалниот.
Со тоа е избегнато плаќање на царински давачки и ДДВ во износ од 1.257.478,00 денари. Царинарникот во договор со останатите членови на криминалната група, организирал при вршење на царинската постапка на ГП “Богородица” на влез во Македонија да биде прифатена трговската стока за која имало фалсификувана фактура на 21.392 евра, кој се разликува од оригиналната фактура извозно оцаринета во Словенија, овозможувајќи истата да биде увезена во земјава без да извршат дополнителна царинска контрола заради утврдување на реалната вредност на стоката.
Минатата година Балиќ, Малиќи и Каевиќ во три наврати биле во Словенија, каде од Друштвото “Спортина Блед” ДОО набавиле трговска брендирана стока и се договориле истата да биде надополнета со стока набавена од Италија, која легално ќе биде пријавена на влез во Македонија, а се со цел стоката набавена во Словенија да биде прокриумчарена во Македонија, односно да биде прикриена со легално набавената и пријавена стока од Италија.
Возачот преку неговата фирма “ИТ Митхат” ДООЕЛ Скопје, од фирми од Италија набавувал стока којашто ја превезувал во возило сопственост на “Гемак-Траде” во кое се превезувала и стоката набавена од Словенија. На граничниот премин “Богородица” стоката набавена од Италија, е легално пријавувана за царинење, меѓутоа стоката набавена од Словенија која се наоѓала во истото возило, во трите наврати воопшто не била пријавена и истата била прокриумчарена. Истото, било организирано во договор со раководителот на царина, при што по негов налог не бил вршен детален преглед на возилото со кое се превезувала стоката, а се со цел стоката набавена во Словенија да се внесе во Македонија и за истата да се избегне плаќање на законските давачки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Со фалсисифкување документи го оштетил РЕК Битола за речиси 90.000 евра: кривична против управител на приватна фирма од Новаци
СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против 46-годишниот М.Т. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување”, „фалсификување исправa” и „употреба на исправа со невистинита содржина”.
Пријавениот, управител во приватна фирма од Новаци, во април и мај 2024 година, со пречекорување на границите на своите службени овластувања, а со намера да прибави противправна имотна корист, нанел штета од 5.453.7000 денари или 88.678 евра на РЕК Битола.
Имено, тој извршил промена на две барања од РЕК Битола (рудник Суводол) до фирмата за набавка на ролни за јаглен за репарирање на лента за јаглен, на тој начин што извршил промена на количината, односно ги преправил првичните појдовни барања кои како документи биле изготвени и таквите фалсификувани барања ги употребил како доказ во правен сообраќај за набавка на гумени прстени.
Црна хроника
(Фото) Претреси во валандовско: четворица уапсени, пронајдени и одземени околу два килограми дрога
Вчера во 21.30 часот во село Пирава, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица и ОВР Валандово ги лишија од слобода С.Ј.(22) и Г.Т.(29), двајцата од село Пирава.

При претрес во домот на С.Ј., извршен со судска наредба, полициските службеници ги затекнале С.Ј. и Г.Т. во момент кога вршеле мерење на марихуана, по што биле пронајдени неколку пакувања со марихуана, 110 семки од канабис и повеќе предмети со остатоци од марихуана.

Исто така, со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес и во домот на Г.Т., каде се пронајдени неколку пакувања со марихуана и предмети со остатоци од марихуана. Од преземените службени дејствија, дојдено е до основи на сомневање дека во вршење на кривичното дело, со С.Ј. и Г.Т. се поврзани и К.М.(47) и Б.М.(23) од село Јосифово, валандовско, поради што, врз основа на судска наредба, се извршени претреси во домот на лицата и деловен објект кој го користел К.М. во село Јосифово. При претресот во деловниот објект биле пронајдени повеќе различни пакувања со марихуана и хашиш.

Инаку, во сите претреси се пронајдени и одземени околу два килограми марихуана и хашиш. Лицата се задржани во Полициска станица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

По документирање на случајот во текот на денот против С.Ј., Г.Т., К.М. и Б.М. ќе биде поднесена кривична пријава.
Црна хроника
Уапсени три лица од Неготино и неготинско: од нив се одземени ловечка пушка и дрога, следува соодветна пријава
На 19.01.2026 во периодот од 10:30 до 10:55 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионален центар за Гранични работи Југ ги лишија од слобода М.З.(31), полициски службеник од Неготино, К.Т.(29) и Б.П.(28), двајцата од с.Тимјаник, неготинско.
При вршење службени дејствија во атар на с.Копришница, демиркаписко, на место каде што нема концесија за лов, односно забранет е лов, полициските службеници ги забележале лицата како излегуваат од патничко возило „лада нива“ со ловечка пушка, а откако се оддалечиле од возилото слушнале повеќе истрели од огнено оружје.
Откако се вратиле, лицата се лишени и задржани во полициска станица, при што од М.З. е одземена ловечка пушка „Хуглу“ со патрони. Исто така, полициски службеници од ОВР Неготино, со судска наредба, извршиле претрес во викенд куќа што ја користел К.Т. во атар на с.Копришница, каде биле пронајдени и одземени ловечки патрони, марихуана, дробилка и останати предмети.
Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

