Црна хроника
Продажбата на Саса криминална

Кривични пријави против четири лица од Кочани, кои на разни начини биле инволвирани во стечајната постапка над РОЦ Саса АД, поднесе денеска Одделот за организиран криминал
Поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ кривични пријави заработиле: В.Т.(49) стечаен управник на РОЦ Саса АД во стечај, В.А.(65) во 2004 и 2005 г., судија и Претседател на Стечаен судски совет по отворен стечај над РОЦ Саса АД во стечај, при Основен суд Кочани, З.Г.(47) судија во Основен суд Кочани и Стечаен судија на РОЦ Саса АД во стечај и В.С.(60) судија во Основен суд Кочани и член на Стечаен судски совет на РОЦ Саса АД во стечај, а сега судија во Апелациониот суд во Штип.Стечајниот управник во постапка по распишан меѓународен тендер за продажбата на средствата на РОЦ Саса АД во стечај, при отворањето и разгледувањето на понудите и нивното презентирање на Одборот на доверители и Собранието на доверители, не се придржувал кон Законот за стечај и кон Упатството за тендер.
Според МВР, иако недостасувале документи за потврдување на идентитетот на понудувачот ROM Trade Ltd St. Vinsent, St,Vinsent & Grenadini, бил избран за најповолен понудувач со понуда од 3.020.000.00 евра и обврска за вработување на 920 работници, инвестирање на 22.000.000.00 УСА долари и рестартирање на РОЦ Саса АД во стечај во рок од 5 месеци. При склучувањето на Договорот за купопродажба со избраниот понудувач, стечајниот управник., свесно и целосно го изоставил членот 8 предвиден во образецот на Договорот за купопродажб, со што се создадени предуслови за одбегнување на обврските на купувачот ROM Trade Ltd St. Vinsent, St,Vinsent & Grenadini согласно Деловниот план: за инвестирање, вработување на работници и рестартирање на производството.Лицата В.А., З.Г. и В.С. како службени лица и членови на Стечаен судски совет при Основен суд во Кочани, не реагирале на недостатоците во договорот, го одобриле и донеле Решение со кое го задолжиле стечајниот управник В.Т., да склучи Договор за купопродажба, со што му овозможиле на купувачот да ги одбегне обврските од деловниот план кои биле понудени од купувачот при учеството во тендерската постапка. Точниот износ на имотна корист, во полза на ROM Trade Ltd St.Vinsent, St.Vinsent & Grenadini, а на штета на стечајната маса и буџетските фондови, потребно е да биде утврдена од страна на судски вештак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Пациент во Тетово нападнал лекар и полицаец во болница

Полицијата од Тетово вчера попладне го приведе М.М. (28) од селото Челопек, по пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар кој се обидувал да му укаже лекарска помош.
Според МВР, по пристигнувањето на полицијата, осомничениот продолжил со агресивното однесување и нападнал и еден од полициските службеници.
М.М. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.