Европа
Новогодишните напади во Германија пораширени од објавеното
Според соопштенијата на германската полиција нападите слични на оние какви што во новогодишната ноќ се случија во Келн, на западот од Германија, биле значително пораширени отколку што првично беше објавено и се случиле во дванаесет од шеснаесетте сојузни земји, пишуваат во саботата германските медиуми.
Во дванаесет германски сојузни земји регистрирано е сексуално насилство поврзано со кражби во ноќта на 31-ви декември, истакнуваат дневниот весник Sueddeutsche Zeitung и локалните телевизиски мрежи NDR и WDR, пренесувајќи го извештајот на германската правосудна полиција BKA. Од таму, пак, до саботата доцна вечерта не одговориле на барањето за коментар од агенцијата AFP.
Досега вниманието на јавноста и истрагата беше насочено на Келн, епицентарот на ваквото насилство во кое учествувале околу илјада главно имигранти од северноафриканските земји, каде што се поднесени огромен број кривични пријави досега, и значително помалото на Хамбург, каде се поднесени повеќе од 200 кривични пријави, а по десетици случаи се пријавени и во Берлин, Диселдорф и Франкфурт.
„Феноменот на сексуалното насилство коешто делумно било поврзано со кражби, е поголем отколку што досега беше познато“, пишува Sueddeutsche Zeitung во своето интернет издание.
Најлошо минала покраината Северна Рајна–Вестфалија, па потоа Келн, Диселдроф и Билефилд, каде се поднесени илјади пријави. Во помала мера слични случаи се пријавени и во Хесен – 31, Баварија – 27, Баден-Витенберг – 25, Бремен – 11 и Берлин – шест. Во Долна Саксонија, Баранденбург, Саксонија, Фалска-Рајна и во Сар се пријавени по еден напад.
Како и во Келн, каде што веќе се поднесени илјада пријави, нападите биле речиси без исклучок кон жените. Сведоците тврдат дека меѓу напаѓачите поголемиот број биле момчиња и мажи со странски изглед на возраст од 17 до 30 години.
Нападите во Келн, коишто полицијата ги припишува на момчиња со потекло од земјите на Магреб и други делови од арапскиот свет, ја поттикнаа во Германија дискусијата за политиката за прифаќање на имигрантите што ја спроведува канцеларката Ангела Меркел, во чијашто земја во текот на изминатата 2015 годна пристигнаа повеќе од милион баратели од азил.,Во саботата Ајдан Езогуз, комесарка за прашањата на интеграцијата на доселениците, оцени во дневниот весник Frankfurter Allgemeine Zeitung дека тие напади ја „затруле“ атмосферата во Германија. „Неколку стотици криминалци не застапуваат милион бегалци“, сепак смета./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
„Старлинк“ е блокиран за Русите, Украина: Бројот на напади веднаш се намали
Руските сили го намалија бројот на напади на фронтот откако Украина и SpaceX постигнаа договор за блокирање на нерегистрираните сателитски интернет терминали на Starlink. Извори од Генералштабот на вооружените сили на Украина потврдија дека бројот на руски напади во некои области е намален, додека во други сектори тие целосно престанале, пишува Украинска правда.
Според извештајот на Генералштабот објавен вчера во 16 часот, украинските сили регистрирале 56 борбени ангажмани по должината на фронтовската линија од почетокот на денот. Намалувањето на руската активност следува по мерките преземени за ограничување на неовластената употреба на технологијата Starlink.
Експертот за воена радиотехнологија Серхиј „Флеш“ Бескрестнов објави дека руските сили вчера се соочиле со масовен прекин на терминалите на Starlink.
Според него, Русите се жалат дека не можат повторно да ја воспостават врската, што ќе влијае на координацијата на нивните дејства по целиот фронт.
Проблемот стана јавен на 25 јануари, кога Бескрестнов, кој оттогаш стана советник за технологија на министерот за одбрана Михаил Федоров, изјави дека руските сили веројатно го користат Starlink на беспилотните летала Шахид.
Американскиот претприемач Илон Маск одговори на барањето на Федоров за помош во решавањето на проблемот, по што SpaceX презеде контрамерки. Маск на 1 февруари објави дека мерките се чини дека дале резултати.
Федоров потоа извести за постепеното воведување на систем што ќе им овозможи само на овластени терминали на Starlink да работат на украинска територија.
Украинската влада донесе декрет за воведување на таканаречена „бела листа“, што значи дека само потврдени и регистрирани терминали наскоро ќе можат да работат во Украина, додека сите други ќе бидат исклучени.
Европа
Започна вториот ден од разговорите во Абу Даби, Рубио: Има добри и лоши вести
Вториот ден од трилатералните разговори меѓу Украина, Русија и САД, насочени кон решавање на војната, започна во главниот град на Обединетите Арапски Емирати. Ова го објави Рустем Умеров, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, пренесува Украинска правда.
„Вториот ден од преговорите во Абу Даби започна. Работиме во истите формати како и вчера: трилатерални консултации, работа во групи, а потоа усогласување на ставовите. Резултатите ќе следат“, објави Умеров на Фејсбук.
Коментирајќи го напредокот на разговорите во Абу Даби на 4 февруари, американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека има и добри и лоши вести. Според Рубио, добрата вест е дека списокот на нерешени прашања што постоеја меѓу Украина и Русија е значително стеснет. Украинската делегација подготвува извештај до претседателот Володимир Зеленски за резултатите од првиот ден од преговорите.

Украинската делегација во Абу Даби ја сочинуваат секретарот Рустем Умјеров, шефот на кабинетот на Зеленски, Кирило Буданов, и неговиот прв заменик Серхиј Кислица, лидерот на парламентарната фракција „Слуга на народот“ Давид Арахамија, началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Андриј Хнатов, и советникот на кабинетот на претседателот, Олександр Бевз.
Според Умјеров, украинскиот тим во Абу Даби планирал и билатерален состанок со американската страна, претставена од специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, и зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер. Тие требало да разговараат за документ за безбедносни гаранции и план за просперитет.

Трилатералните разговори во Обединетите Арапски Емирати се одржуваат по големиот руски напад врз Украина. По последниот напад, претседателот Володимир Зеленски во вторникот изјави дека работата на украинскиот преговарачки тим ќе биде „прилагодена“.
Европа
Берлинскиот аеродром ги одложи сите полетувања поради снег и замрзнат дожд
Аеродромот во Берлин утрово соопшти дека сите полетувања се откажани поради временските услови, бидејќи свеж снег и замрзнат дожд го погодија регионот на германскиот главен град.
„Моментално нема полетувања на аеродромот Берлин-Бранденбург поради временските услови“, соопштија од аеродромот, објаснувајќи дека авионите не можеле да се одмрзнат поради дождот, кој веднаш се замрзнува.
Aufgrund der Wetterbedingungen sind derzeit keine Starts möglich. Bitte überprüfe den Flugstatus bei deiner Fluggesellschaft. pic.twitter.com/24cLdrNg5L
— BER – Berlin Brandenburg Airport (@berlinairport) February 5, 2026
Прекинот влијае само на полетувањата, а дојдовните летови сè уште можат да слетуваат, изјави портпаролката. Не е познато колку долго ќе бидат запрени полетувањата.
Затоа, патниците можат да очекуваат откажувања на летови и значителни доцнења и им се препорачува да ја проверат состојбата на своите летови кај авиокомпаниите.
Германската метеоролошка служба (DWD) предупреди на висок ризик од опасни ледени услови во Берлин поради замрзнат дожд и мраз.

