Црна хроника
„Детонатор“ се проширува и во Крива Паланка

Полициската акција „Детонатор“ во којашто беа уапсени 23 лица кои земале рекет и сееле страв во Виница и Кочани се проширува и во Крива Паланка.
Полицијата синоќа извршила претрес на шест објекти кои биле поврзани со уапсените од криминалната мрежа со прекари Чарли и Мончо.
Нови уапсени нема, но запленети се голем број на апарати за игри на среќа, рулет маси и оружје.
Во угостителскиот објект „Дукис“ на Чарли пронајдени биле вкупно 80 покер апарати, рулет маси, тетратки во кои се водела евиденција за промет. Во магацинот „Треска-Осогово“ пронајдени се 85 апарати за игри на среќа, а во викендицата на Чарли полицијата пронашла куршуми и автоматско оружје.
Претресен и објектот, деловни простории во кои се сместени апарати за игри на среќа со којшто управувал Мончо во Кочани.
Во објектот пронајдени се 37 апарати за игри на среќа – покер апарати како и еден електронски рулет.
Во полициската акција „Детонатор“ беа уапсени 23 лица, а против 16 беа поднесени кривични пријави. Меѓу уапсените има сопрузи и браќа на пратеници во Собранието од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возило на 26-годишник оштетено од неколку проектили од огнено оружје: полицијата го расчистува случајот

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Ш.Ј. од село Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во село Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредена 29-годишна жена од Битолско по пад од трактор

Вчера во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од село Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
Црна хроника
14-годишник нападнат на трим-патека во Кисела Вода од повеќе малолетници

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 54-годишниот Д.Х. од Скопје пријави дека на 09.08.2025 околу 22:30 часот на трим патека на подрачје на Кисела Вода во Скопје, неговиот 14-годишен син, додека бил со неговиот брат и другарка, по претходна расправија, бил физички нападнат од повеќе малолетници, кои ги познава и кои носеле и метални предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот