Црна хроника
Пукање во Кичево, еден тешко повредени
Жител на кичевското село Стрелци е тешко повреден во пукање што се случило синоќа во Кичево, соопшти МВР.
Синоќа околу 20 часот на улицата „Амид Челочанец“, жителот на Стрелци, Иљми З. започнал да се расправа со триесет и тригодишен жител на село Црвевци Јетмир Ч. во локалот „Конак“.Јетмир Ч. Во еден момент извадил пиштол и го застелал Иљми во левата нога. Повредениот бил пренесен во кичевската болница, но поради сериозноста на повредите бил префрлен во Ургентниот центар во Скопје. Напаѓачот побегнал, но полицијата успеала да го фати и да му го одземе пиштолот. Од МВР велат дека се уште не се знае причината за пукањето./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.