Црна хроника
Полицаец изел ќотек во кафе бар во Кратово

Униформиран полицаец бил истепан во саботата во раните утрински часови пред еден кафе-бар во Кратово, откако заедно со свои колеги дошол да интервенира по пријава за нарушен јавен ред и мир.
Како што соопшти МВР, околу 01,10 часот, во Кратово било пријавено дека на ул.„Браќа Миладинови“ во кафе-бар “Шмеки“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир. Од страна на униформирани полициски службеници веднаш било излезено на лице место и при воспоставување на редот, од страна на нарушителите Д.М. (27) и К. Е. (31), двајцата од Кратово, бил пружен активен отпор, при што од страна на Д. М. физички бил нападнат еден полицаец, на кого со удар со тупаница и клоца му нанел телесни повреди. Откако истите биле доведени во послушност, се приведени во полициската станица во Кратово и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.