Црна хроника
Струшкиот автобус извлечен од водите на Женевското езеро
Туристичкиот автобус на струшката компанија „Еуро-Бус“, кој во понеделникот празен потона во Женевското езеро, извлечен е во вторникот изутрина од езерските води.
Порталот на албански јазик од Швајцарија Albinfo.ch вчера јави дека автобус во сопственост на Албанец од Македонија, кој бил паркиран, од непознати причини завршил во езерото.За среќа во автобусот немало патници, дури не бил ни возачот, јави порталот на албански јазик Албинфо од Швајцарија. Портпаролката на полицијата на кантонот Вевеј информираше дека автобусот паднал во езерото додека бил на паркингот. Автобусот бил целосно потопен во водата. За голема среќа во него немало ниту еден патник, а и возачот бил излезен надвор.Полицијата се уште не знае дали потонувањето на автобусот може да предизвика еколошки последици под езерото./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
По расправија за паркинг во Карпош, ѝ се заканувал со остар предмет на 19-годишна девојка
По расправија за паркинг во Карпош, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет на 19-година девојка.
Вчера, во 18:00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(19) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 15:00 часот на паркинг на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање за паркинг место, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/илустрација
Црна хроника
Пријава против 40-годишник за напад врз две малолетнички во Пробиштип
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.Ј. (40) од Злетово поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „насилство врз дете“.
Според пријавата, на 07.11.2025 во Пробиштип, пријавениот физички нападнал две малолетнички.
Црна хроника
Ограбена жена на улица во Чаир
Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје, С.Б.(55) од село Кучевиште, скопско, пријавила дека е ограбена на подрачјето на Чаир.
Според информациите на МВР, жената пријавила дека завчера околу 15:30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице од чантата ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

