Црна хроника
Пукање на обиколницата Скопје – Тетово – гостиварец ранет во нозете
Гостиварец бил ранет во двете нозе во пукање што се случило на обиколницата Скопје- Тетово, кај надвозникот за граничниот премин Блаце.
Две маскирани и вооружени лица со автомобил го пресретнале 43-годишниот жител на гостиварското село Форино додека возел на обиколницата со својот автомобил мерцедес.
Двете маскирани лица излегле од автомобилот и пукале кон совозачката страна од автомобилот, при што го повредиле гостиварецот во двете нозе. Гостиварецот успеал да им побегне и покрај раните на нозете.
Напаѓачите се во бегство, а полицијата трага по нив. Повредениот гостиварец е пренесен во Ургентниот центар./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Инспектор од Македонска Каменица запалил службени документи и предизвикал пожар во полициска станица
Полицијата поднесе кривична пријава против Д.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.
Пријавениот, на работно место инспектор за јавен ред и превенција во Полициско одделение Македонска Каменица при СВР Штип, на 27.08.2025 додека бил на работа, во кругот на Полициското одделение Македонска Каменица во старо метално буре кое се користело за фрлање на отпад, фрлил хартија од службени материјали, ги запалил и ги оставил да горат, по што огнот се проширил околу бурето, ја зафатил сувата трева и се приближил до објектот на Полициското одделение Македонска Каменица.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Д.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.
Црна хроника
Тешко повреден велосипедист во Скопје, удрил во пешак
Триесет и осумгодишен велосипедист е тешко повреден откако удрил во пешак во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, Ж.П.(38) од Скопје, управувајќи велосипед, удрил во пешак.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Ограбен скопјанец во автобус на ЈСП
Скопјанец е ограбен во автобус на ЈСП.
Според информациите на МВР, вчера во 16:00 часот во СВР Скопје, К.Д.(43) од Скопје пријави дека околу 07:20 часот во автобус на ЈСП, на подрачјето на Чаир, му бил одземен мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

