Спорт
Ембид ја уништи Јута, Харден им пресуди на Хјустон, редок трипл-дабл на Меконел

Центарот на Филаделфија, Џоел Ембид, и бекот на Индијана, Ти-Џеј Меконел, ја обележаа ноќта во НБА-лигата. Ембид ја предводеше Фиалделфија до победата над Јута по дополнителните пет минути, а Меконел забележа редок трипл-дабл.
Дуелот на водечките тимови во своите конференции, Филалдефија и Јута, им припадна на Севентисиксреси со 131:123. Мечот мина во доминација на Џоел Ембид, кој буквално го уништи најплатениот центар во лигата, Руди Гобер.
Ембид постигна 40 поени, вклучувајќи ја и тројката на пет секунди до крајот, со која избори продолженија за Филалделфија. Камерунецот во статистиката додаде и 20 скока. На спротивната страна Гобер имаше скромен ефект од 12 поени и девет скока.
Покрај Ембид, кај Филалдлефија се истакна и Тобајас Херис со 22 поени, осум од нив постигна во продолжението. Најефикасен играч на Јута беше Донован Мичел со 33 поени, но тој беше исклучен во продолжението поради две технички грешки.
Индијана забележа победа над Кливленд 114:111. Ти-Џеј Меконел забележа трипл-дабл со 16 поени, 13 асистенции и 10 украдени топки. Во првиот дел Меконел имаше девет украдени топки, што е рекорд во НБА-лигата. Најефикасен кај Индијана беше Малком Брогдон со 29 поени, а Кливленд го предводеше Колин Секстон со 32 поена.
Џејмс Харден се врати во Хјустон и со трипл-дабл го предводеше Бруклин Нетс до победата 132:114. Брадата забележа 29 поени, 10 скока и 14 асистенции. Хјустон се наоѓа во серија од 13 порази. На „ракетите“ не им помогнаа ниту Џон Вол, кој постигна 36, и Виктор Оладипо, кој забележа 33 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Крај на приказната, Тадиќ нема да ја засили Црвена звезда

Душан Тадиќ нема да ја засили Црвена звезда, кариерата ќе ја продолжи во странство.
Според сознанијата на „Спорт Клуб“, Тадиќ уште еднаш ѝ се заблагодарил на Црвена звезда за поканата и приказната тука завршува.
Тадиќ имал малку поопуштен став, оставил простор евентуално да дојде во Звезда, но сепак останал доследен на чувството дека концептуално не се вклопува во тој клуб.
Исто така и челниците на српскиот шампион го загубиле трпението, бидејќи планирале Тадиќ да го имаат во тимот за двомечот со Лех Познањ, во третата квалификациска рунда во Лигата на шампионите.
Финансиската понуда е добра, како и улогата во тимот, но Тадиќ одлучил дека нема потреба да игра за Звезда во кариерата.
Можно е Тадиќ да замине во Саудиска Арабија.
Спорт
Ненадејно почина Жорге Кошта, легендарниот капитен и икона на Порто

Почина Жорге Кошта (53), поранешен португалски фудбалер и легендарен капитен на Порто.
Во сино-белиот дрес, тој освои осум титули во лигата, Лигата на шампионите и Интерконтиненталниот куп, а со репрезентацијата беше светски шампион до 20 години.
Информацијата за смртта ја потврди болнички извор, јавува португалското радио „Ренасенса“.
Според болницата „Сао Жоао“, Коста „доживеал кардиореспираторен застој во одделот за итни случаи и бил прогласен за мртов“. Поранешниот фудбалер доживеал срцев удар во 2022 година и бил подложен на катетеризација.
„Во текот на својот живот, на теренот и надвор од него, Жорге Кошта ги отелотворувал вредностите што го дефинираат ФК Порто: посветеност, лидерство, страст и непоколеблив победнички дух. Тој ги обележа генерациите навивачи и стана најголем симбол на клубот“, се вели во соопштението. „Никогаш нема да бидш заборавен, капитене“, соопшти клубот.
Спорт
Јовиќ потпиша договор со АЕК

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ потпиша договор со АЕК Атина, објави клубот.
Финансиските детали и времетраењето на договорот не беа откриени, но грчките медиуми тврдат дека Јовиќ се согласил на двегодишен договор, при што српскиот фудбалер треба да заработи вкупно шест милиони евра.
Својата кариера ја започна во Црвена звезда, а потоа играше за Бенфика, Ајнтрахт Франкфурт, Реал Мадрид и Фиорентина. Последните две сезони ги помина во Милан.
Одигра 45 натпревари за српската репрезентација и постигна 11 гола.