Црна хроника
Вработен во бензинска извлечен мртов од шахта
Маж од Богданци синоќа еден час по полноќ бил изваден мртов од шахта кај бензинската пумпа „Шимов“ лоцирана на регионалниот пат Гевгелија-Богданци, соопшти МВР.
Вработен во бензинската пумпа го пронашол и извлекол од шахтата четириесет и двегодишниот Атанас и веднаш повикал итна медицинска помош.
На местото на настанот, до самата шахта биле пронајдени клучеви за одвртување на штрафови и три канти од кои едната полна со нафта.
Атанас бил вработен како механички одржувач во бензинска пумпа и во тоа време не бил на работа. Телото ќе биде предадено за обдукција. Гевгелиската полиција презема мерки за расчистување на случајот./крај/мвр/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

