Топ
Прекината свадба во Тетово, притворен сопственикот на угостителскиот објект

Полицијата вчера прекинала свадба со 110 гости угостителски објект во Тетово. Приведен е сопственикот на угостителскиот објект.
„По претходна пријава, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола во угостителски објект во Тетово, сопственост на К. К. (35) од Тетово. При контролата било констатирано дека објектот не ги почитува здравствените прописи за време на епидемија, односно во моментот имало организирана свадбена веселба со 110 гости.
Свадбата била прекината, а објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат. Сопственикот К. К. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Тело на почината жена пронајдено во водите на Калиманско езеро

Вчера во 09.45 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека во водите на Калиманско езеро била пронајдена почината Д.А.(58) од Македонска Каменица, која претходно била пријавена дека се оддалечила од домот.
Од страна на лекар констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на семејството.
Македонија
СДСМ: Очекуваме ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за настраданите во Кочани

„Предлог-законот за поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани, предложен од СДСМ, е чин на човечност, солидарност и грижа. Намерата е искрена и исклучиво за помош и поддршка на оние кои изгубија најмногу – своите блиски, на оние кои се повредени и на сите кои имаат потреба од помош во овие тешки моменти“, велат од СДСМ.
Законот предвидува директна и конкретна поддршка:
• финансиски надомест за семејствата на загинатите,
• поддршка за повредените лица, вклучително и оние со трајни последици,
• поволности в образованието за деца кои се отустни од настава поради лекување,
• конкретни мерки во здравството, работните односи и социјалната заштита.
Со истиот закон се опфатени и семејствата погодени од претходни трагедии – во Тетово, Ласкарци и Беса Транс – со цел институционално да се постави фер, човечки однос на грижа за жртвите и нивните семејства.
Ова се издражни законски решенија. Не за политички поени туку за поддршка на оние на кои им е потребна. Секако не може да ја залечи преголемата болка, но е минимален израз на солидарност и сигнал дека државата стои зад своите граѓани во најтешките моменти.
СДСМ верува дека кога станува збор за солидарност и човечка грижа, не смее да има партиски разлики.
Ги повикуваме пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги преиспитаат своите ставови, да се издигнат над политиката и да дадат поддршка за овој закон кој ја потврдува најважната вредност – дека сме луѓе и дека може заедно да направиме нешто кога е најтешко.
Во СДСМ сме спремни да прифатиме и предлози од ВМРО-ДПМНЕ за модификација на законското решение, да постигнеме консензус и да биде заеднички предлог.
Повикуваме на разум, човечност и единство барем кога станува збор за оние што изгубија сè“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Свет
(Фото) Како изгледа индиски Кашмир по нападот од Пакистан

Пакистанската армија објави дека Индија извршила напади врз неколку пакистански воени бази во текот на ноќта. Исламабад објави дека, како одговор, започнал голема воена операција наречена „Бунџанун Марсус“.
Индиските власти го обвинија Пакистан дека користи суперсонични ракети со долг дострел за напад врз нивните воени бази, додека во исто време од индискиот дел на Кашмир пристигнуваат извештаи за жртви, вклучително и за еден висок функционер.
Како изгледа Џаму, град во индискиот дел по гранатирањето од Пакистан.