Црна хроника
Откриени вандалите што оштетија дел локалитетот Баргала
Фатени се вандалите кои пред три дена уништија повеќе од дваесетина вредни предмети од археолошкиот локалитет Баргала
Штипската полиција ги привела двајцата малолетници кои во неделата ги искршија конзервираните пронајдоци што потекнуваат од шестиот век.Шеснаесет годишните средношколци, пред полицијата раскажале дека викендот била на гроздобер во лозјето на роднина на еден од нив, кое се наоѓало во близина на Баргала. Откако завршиле со бербата, тинејџерите отишле на археолошкиот локалитет и без повод и причина со камења ги искршиле 12-те питоси и 9-те туболеси, информираат од СВР Штип.Против двајцата штипјани ќе биде поднесена кривична пријава за оштетување или уништување на споменици од културното и историското наследство.Античкиот град Баргала се наоѓа на околу 15 километри од Штип. Во минатото бил и логистички воен камп, но и регионален трговски центар. Досега на локалитетот откриени се три базили, винарска визба и бања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

