Црна хроника
Поплаки на веб страницата на МВР за полициска бруталност
Од денеска на официјалната страница на министерството за внатрешни работи граѓаните ќе можат анонимно да доставуваат претставки и поплаки за постапувањето на полициските службеници
Претставките ќе бидат директно упатувани на адреса на Секторот за внатрешна контрола кој во најкус можен рок ќе постапува по нив.„Со ваквата можност која им се става на располагање на граѓаните, очекуваме дека ќе биде отстранета и последната бариера, односно сомнежите во целисходноста на пријавувањето заради непотребниот страв од евентуални последици. Анонимното пријавување, од една страна, ќе ги охрабри граѓаните да реагираат на сите регистрирани недоследности во постапувањето на полициските службеници, но од друга страна, што е не помала придобивка, нам ќе ни овозможи навремено да бидеме запознаени со одредени пречекорувања или непочитувања на законските и подзаконските акти“ изјави Јанкулоска.Таа информираше дека само во текот на првите осум месеци од годинава, преземени се мерки за испитување на 755 случаи на пречекорувања на овластувања и злоупотреби.Таа додаде дека МВР е една од првите институции која е пред крај со целосно заокружување на процесот на обезбедување на анкетни листови од вработените за нивната имотна состојба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдени две починати лица во Скопско: едното било пријавено за исчезнато
Вчера во 13.21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на потегот од клучка Арачиново кон клучка Хиподром било пронајдено тело на починато машко лице.
По преземени мерки и извршен увид било констатирано дека се работи за Б.М.(63) од Скопје, за кој на 27.10.2024 беше пријавено дека се оддалечил од домот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Истиот ден во 09.27 часот во СВР Скопје било пријавено дека на кеј на реката Вардар, во близина на паркот „Франкофонија“, било пронајдено тело на починато машко лице.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Малолетно девојче допирано по телото од нејзиниот тетин: случајот го пријавила мајката
Утрово во 02.00 часот во ОВР Прилеп, 35-годишна жена од Битола пријавила дека нејзината малолетна ќерка, додека било на гости кај нејзината тетка во Прилеп, била допирана по телото од нејзиниот тетин.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Починат маж пронајден на скалите пред подрум во скопски Карпош
Вчера во 13.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на скали за влез во подрумски простории на подрачјето на Карпош било пронајдено починато машко лице.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.