Црна хроника
(Видео) 57 санкции за брзо возење со т.н. ноќен радар, 20 за возење под дејство на алкохол
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, од кои со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови санкционирани се 57 возачи, изречени се 20 санкции за возење под дејство на алкохол, како и 18 мерки за возење без возачка дозвола.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Пукање во Арачиново од возило во движење, повредено едно лице
Попладнево дошло до престрелка во селото Арачиново, Скопско, пришто повредено е едно лице.
Според информациите од МВР, околу во 14.50 часот, во угостителски објект, од возило во движење Ф.М. пукал кон Д.Р., но го погодил С.А..
„На С.А. му е укажана лекарска помош од страна на Итна медицинска помош“, информираат од МВР, од кадешто додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен криумчар, пронајдени седум мигранти
Синоќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, полицијата го приведе 26-годишниот Ф.Ш. од Косово.
При извршен преглед на „голф 7“ со косовски национални ознаки – автомобилот којшто тој го управувал, биле пронајдени седум лица-мигранти, од кои три од Индија, две од Пакистан и по едно од Непал и Бангладеш, информираа од МВР.
Известен бил јавен обвинител, мигрантите биле пренесени во Транзитниот центар-Табановце и Прифатниот центар за странци-Скопје.
По целосно документирање на случајот, против Ф.Ш. ќе следува пријава.
Топ
Турски државјанин најден починат во хотел во Охрид
Шеесет и тригодишен државјанин на Турција, во текот на вчерашниот ден бил најден починат во хотел во Охрид.
Од СВР Охрид информираат дека пријавата ја добиле вчераутро, а станува збор за лице со иницијали Х.К..
Доктор од итната медицинска помош, констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото, извршија полициски екипи.