Контакт

Европа

Оружјето користено во нападите во Париз е купено во Белгија

Објавено пред

Оружјето што го користеле исламистичките терористи браќата Саид и Шариф Каши и Амеди (Ахмед) Кулибали, во минатонеделните напади во француската престолнина Париз во редакцијата на сатиричниот неделник Charlie Hebdo и при земањето заложници во еврејскиот супермаркет, било набавено во Белгија, пишуваат во средата тамошните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Според белгискиот дневен весник La Derniere Heure, автоматите „калашников“ со коишто биле вооружени браќата Каши, Кулибали го купил во близина на јужната железничка станица во белгиската престолнина Брисел за помалку од 5.000 евра. Оружјето на Кулибали, кое го користел при земањето заложници во супермаркетот за еврејска кошер храна во 20-от париски арондисман минатиот петок, исто така, било купени Белгија.

Истовремено, друг белгиски дневен весник De Standaard, објави дека купувањето на оружјето за терористите во Белгија, засега сепак е само хипотеза.

Претходно во вторникот беше објавено дека една чаура пронајдена по нападот во Париз има потекло од Босна и Херцеговина, односно била прозиведена во 1986 година во фабриката „Игман“ од Коњиц, според заменик министерот за одбрана на БиХ, Живко Марјанац. Минатогодишната кражба на 600 полнења за гранати од воената база „Крчмарица“ близу Бања Лука, официјално не доби епилог, но првично беа суспендирани двајца припадници на Вооружените сили на БиХ.

Во вторник, исто така, беше уапсено осомничено лице во Бугарија, за коeшто постојат сознанија дека во неколку наврати контактиралo со еден од браќата Каши.

Нападот врз редакцијата на сатиричниот неделник Charlie Hebdo поради објавувањето карикатури на пророкот Мухамед беше извршен минатата среда, 7-ми јануари. Двајцата терористи влегоа во редакцијата и отворија оган од кој загинаа вкупно 12 лица од кои четворица карикатуристи и двајца полицајци. Осомничените за масакрот, француските државјани со алжирско потекло 32-годишниот Саид и 34-годишниот Шариф Каши успеаја да побегнат од местото на злосторството и да се сокријат во печатница во местото Демартен-ан-Гоел каде беа ликвидирани во петокот, 9-ти јануари во акцијата на специјалците на француската полиција.

Речиси истовремено во петокот беше ликвидиран и 32-годишниот Амади Кулибали, кој претходно во кошер продавницата во областа на париската Венсанска капија уби четворица заложници, откако 15 луѓе претходно успеале да побегнат. Кулибали е осомничен и дека е убиецот на полицајката од четвртокот во парискиот кварт Монруж.

Вкупно во тридневниот париски терористички кошмар животите ги загубија 17 луѓе од кои тројца полицајци, а беа ликвидирани и тројцата напаѓачи./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Експлодира бензинска пумпа во Рим, неколку повредени, тројца со сериозни изгореници

Објавено пред

Неколку лица се повредени, меѓу кои тројца со сериозни изгореници, по експлозија на бензинска пумпа во Рим, јавуваат медиумите.

dobivaj vesti na viber

Силна експлозија на дистрибутивна станица за бензин, дизел и течен нафтен гас на Виа деи Гордијани се слушнала во целиот италијански главен град.

Локалниот портал „Рома тудеј“ објави фотографија, на која се гледа огромен облак од чад и пламен над бензинската пумпа.

Агенцијата за јавен превоз во Рим, „Атак“, соопшти дека блиската метро-станица Теано е затворена по наредба на полицијата.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Украинците со дронови нападнаа трафостаница во близина на Москва

Објавено пред

Украина изврши напад со беспилотно летало врз областа Сергиев Посад во близина на Москва рано утрово, при што едно лице беше повредено и беше прекинато снабдувањето со електрична енергија во делови од верски значајниот центар, изјави раководителот на областа.

dobivaj vesti na viber

„Ги молам сите да останат смирени, да не се приближуваат до прозорците, да не ја фотографираат работата на воздушната одбрана“, напиша Оксана Јероханова во објава на апликацијата за пораки Телеграм.

Таа рече дека во округот – на околу 75 километри од Кремљ – биле пријавени најмалку четири експлозии и дека е оштетена трафостаница, оставајќи делови од округот без електрична енергија.

Административниот центар на округот, градот Сергиев Посад, се смета за религиозен центар на Московскиот регион и духовно срце на Руската православна црква.

Руското Министерство за одбрана соопшти на Телеграм дека единиците за воздушна одбрана уништиле 48 украински беспилотни летала над пет руски региони преку ноќ. Министерството, кое известува само за бројот на беспилотни летала што ги уништиле неговите сили, а не за бројот на летала лансирани од Украина, не го наведе Московскиот регион како регион каде што биле соборени беспилотните летала.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) „Ова беше една од најлошите ноќи во Киев досега“, вели украинскиот министер за надворешни работи

Објавено пред

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека синоќа во Киев било „апсолутно ужасно и бессоно“ и „едно од најлошите досега“, откако Русија започна масовен, повеќечасовен ракетен и напад со дронови, врз украинската престолнина.

dobivaj vesti na viber

„Стотици руски дронови и балистички ракети паѓаа врз Киев“, објави Сибиха на платформата Икс.

Тој додаде дека нападот бил извршен веднаш откако рускиот претседател Владимир Путин разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, заклучувајќи: „И тој го прави тоа намерно“.

„Доста чекање. На Москва мора веднаш да ѝ се воведат најстрогите можни санкции“, рече тој. Сибиха ја повика меѓународната заедница да престане да чека и решително да реагира.

„Путин јасно покажува целосно непочитување кон САД и сите оние кои повикаа на крај на војната. На Москва мора веднаш да ѝ се воведат најстрогите можни санкции. На Украина мора да ѝ се дадат сите потребни средства за нејзина одбрана“, рече тој.

Тој, исто така, предупреди дека одлуките што одложуваат можат само да го охрабрат агресорот да продолжи со теророт, заклучувајќи: „Секој криминален режим во светот сега внимателно ги следи потезите и реакциите на Путин на нив. Ако се извлече со ова, пораката ќе им биде јасна на сите. Престанете да чекате мир. Дејствувајте за да го постигнете. Мир преку сила“.

Киев синоќа беше под интензивно гранатирање со часови. Руските сили нападнаа најмалку 13 локации во градот, а според градоначалникот Виталиј Кличко, повредени се најмалку 19 лица, од кои 14 се хоспитализирани.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Пеколни горештини во Македонија, температурата денес ќе достигне 41 степен

Македонија е под топлотен бран. Според метеоролозите, времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална...

Македонија2 часа

Маргини: Луѓето не заминуваат оти се откажале од формирање семејства, туку зашто државата се откажала од нив

Коалицијата Маргини ја осудува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе...

Спорт2 часа

Тенис на Вимблдон или трки на коњи во Аскот

Танталови маки за англиската аристократија Од специјалниот известувач од Вимблдон Во Велика Британија временските прилики се најчесто неприлики доколку планирате...

Македонија15 часа

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...

Топ16 часа

Претходно осудувано лице: скопјанецот кој го усмрти пешакот со мотоцикл, немал возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за -Тешки дела против безбедноста на...

Топ16 часа

МНР со детали за несреќата во Србија: загинатиот Македонец има 39 години, тешко повреден е уште еден македонски државјанин

МНР соопшти дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода. Според соопштението несреќата...

Македонија17 часа

МВР со апел до граѓаните: да не отвораат линкови од СМС пораки, можат да бидат цел на криминални групи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број...

Македонија19 часа

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, се празнат училниците

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се...

Македонија19 часа

Предлогот на Мицкоски за даночење на самците кореспондира со идеите од авторитарни режими, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, претседателот на...

Топ20 часа

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто...

Македонија22 часа

Поднесено обвинение против директорот на болницата за геријатрија за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште за...

Македонија22 часа

Владата размислува да ги даночи немажените и неженетите, рече Мицкоски

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, соопшти премиерот Христијан Мицкоски говорејќи дека е време за држава во...

Македонија23 часа

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во согласност со прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за...

Топ24 часа

Уапсен 42-годишник од Радовишко, силувал 77-годишна жена

На втори јули, во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 42-годишниот А.С. од...

Топ1 ден

39-годишен Македонец е загинатиот во несреќата во Србија

Во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица загина македонски државјанин, додека друг се...

Македонија1 ден

Најголем интересот за студии по медицина и социјална заштита, порасна бројот на запишани студенти за една година

Во академската 2024/2025 година се запишале 53.535 студенти, што претставува зголемување од 2,3 процента во однос на претходната година. Според...

Регион1 ден

(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа. Žandarmerija u Cvijićevoj. pic.twitter.com/IEpLk4p9d8...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Не постигнав никаков напредок во разговорот со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера им изјави на новинарите дека не постигнал никаков напредок во врска со завршувањето на војната...

Европа1 ден

(Видео) Брутален руски напад врз Киев по разговорите Путин – Трамп

Руските сили започнаа повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, насочен кон станбени...

Регион1 ден

(Видео) Студентите: Тотална блокада на Србија наутро; Вучиќ: Ве молам, вразумете се

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани. Студентите го најавија ова на големите собири синоќа. Тие најавија...