Топ
Mаж силувал 5 и 7-годишни деца во Кавадарци и ги снимал со мобилен

Во Кавадарци извршен е полов напад врз деца на возраст од 7 и 5,5 години, известува МВР.
Од таму додаваат дека обвинителството во Кавадарци има поведено постапка против 41-годишно лице, за кое постои сомнение дека сторило кривичното дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.
Осомничениот на точно неутврдени датуми во текот на првата половина на 2020 година, до 21.7.2020 година, во повеќе наврати извршил полово дејствие врз деца на возраст од 7 и 5,5 години. Притоа, тој ги сликал жртвите со својот мобилен телефон.
Поради опасност од бегство на осомничениот и страв дека доколку биде на слобода ќе продолжи со вршење на вакви и слични кривични дела, како и поради тежината на стореното кривично дело за кое постои можност од казна затвор во траење од најмалку 12 години, на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Арсовска: Мицковски несреќо, на кого се закануваш, за ѓубрето низ Скопје се одговорни твоите градоначалници

„Мицковски несреќо, на кого се закануваш, објави на социјалните мрежи градоначалничката нa град Скопје во заминување, Данела Арсовска, откако Владата на седница донела заклучоци со кои се задолжуваат МВР и останатите надлежни институции веднаш да извршат вонреден надзор врз работењето на Град Скопје и ЈП Комунална хигиена за отпадот во градот.
„Те велича Орце Самка Ѓорѓиевски дека си господ и си почнал да веруваш дека си семоќен? Политички прогон сакаш да правиш несреќо.
За ѓубрето низ Скопје е одговорна твојата криминална структура во Комунална хигиена на чело со Јулијана Спировска која е претседател на Управниот одбор (земи читај допис ако имаш време меѓу заканите и правење бизнис)“, му порачува Арсовска на Мицкоски
За ѓубрето низ Скопје, како што вели, се одговорни неговите градоначалници кои сред избори додава Арсовска, повикале граѓаните да фрлаат кабаст отпад.
„А немаат ни ресурси ни механизација да го собираат истото, па тоа ѓубре се мачат да го собираат вработените од КХС кои веќе се на крај на силите.
За ѓубрето низ Скопје е одговорно твоето министерство за здравство, кое милиони му должи на Комунална хигиена. Нив ќе им влезеш ли со полиција несреќо?
По корумпирана и по плитка власт од твојава не постоела, ни ќе постои некогаш во Македонија. Уствари заборавив Северна, бидејќи и името дека ќе го вратиш лажеѓе, како и за сѐ друго што лажеш денес“.
Македонија
Владата го задолжи МВР во соработка со ДКИ, ДИЖС, ДСЗИ и ИЈЗ веднаш да отпочнат со координиран вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и ЈП Комунална хигиена

Во врска со проблемот со собирање и транспортирање на комуналниот отпад на територијата на Град Скопје, Владата на денешната седница донесе заклучоци со кои се задолжуваат Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје, во соработка со Министерството за внатрешни работи, согласно своите законски надлежности, веднаш да отпочнат со координиран вонреден инспекциски надзор на територија на Град Скопје, со цел утврдување на состојбата со комуналниот и друг вид на отпад и преземање соодветни мерки и активности.
Како што соопштија владините служби, се задолжува и Министерството за внатрешни работи, во соработка со надлежните институции, а се укажува на Град Скопје-Сектор инспекторат, да постапат согласно своите законски надлежности и да го испитаат работењето на ЈП Комунална хигиена-Скопје и градоначалникот на Градот Скопје во врска со несобирањето на комуналниот отпад, кој предизвикува опасност по здравјето на луѓето.
„Состојбата е алармантна и иако надлежноста е на Град Скопје, поради континуираното непостапување ги повикуваме институциите веднаш да постапуваат по донесените заклучоци на Владата“.
Македонија
Над 3.000 евра за квадратен метар – стан во Центар од 91 м2 е продаден за 280.000 евра

Најголема постигната цена на стан за квадратен метар во периодот јули – септември е 189.231 денар или речиси 3.000 евра, односно платени се 280.000 евра за стан од 91 квадратен метар во Центар, покажаа податоците на Агенцијата за катастар.
Според податоците, најскапи се становите во Центар, Карпош и во Аеродром, каде што цената за квадратен метар е од 1.200 до 1.550 евра.
Во реагистарот на цени и закупнини, во периодот од јули до септември 2025 година, на целата територија на државата регистрирани се 845 новоизградени станови, што е за 169 повеќе од вториот квартал во 2025 година.
Во Агенцијата за катастар на недвижностите досега се запишани 26.463 листови за предбележување градба, што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и набргу ќе се најдат на пазарот на недвижности.
На територијата на целата држава во третиот квартал од 2025 година регистрирани се 6.135 купопродажби. Вкупниот збир на купопродажби е збир од вкупниот број продажби, продажби на лицитација, продажби од инвеститор и откуп од РСМ.
Од 6.135, 4.869 се продажби на недвижности, 937 се продажби од инвеститор, односно прва продажба на недвижноста, 266 октупи од РСМ и 63 продажби на недвижности извршени по пат на лицитација.
Од продажбите од инвеститор 845 се станови, 89 куќи, 2 продажби на гаражи и една продажба на други недвижности.
Најголема ативност на пзарот е забележана во јули, односно 2.303 купопродажби, а најмала во август – 1.974. Во септември се регистрирани 2.038 купопродажби.
Во овој период се продадени недвижности со површина од 8.449.281 квадратен метар и вкупна достигната цена од 18.799.665,845 денари или речиси 308.191.243 евра.
По површина, најмногу се тргувани земјоделско земјиште и шуми, а најголема вкупна цена достигнале становите или 8.625.180.893 денари – 141.396.408 евра.
Најголем број продадени станови има во општина Аеродром, 275 станови, додека најголем број продадени куќи има во Битола – 71 куќа.
Најмногу недвижности од типот земјоделско земјиште и шуми се продадени во Куманово – 122 продажби додека најмногу продадено градежно земјиште е регистрирано во општина Охрид со 48 продажби.