Европа
Пoрошенко вели дека во Украина има 9.000 руски војници, Меркел се надева на напредок во преговорите
Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави во средата на Светскиот економски форум во швајцарски Давос дека на украинска територија се наоѓаат 9.000 руски војници и ја повика Русија да ги повлече, а истовремено германската канцеларка Ангела Меркел изрази надеж дека разговорите на четирите земји кој треба да се одржи во среда навечер во Берлин, свикани за спречувањето на најновата спирала насилства на истокот од Украина, може да доведат до некој напредок, но исто така предупреди дека примирјето се распаѓа.
Во говорот пред форумот во швајцарскиот зимски центар Давос, украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека поддршка на руските војници им дава тешкото вооружување како што се тенкови и и артилериски батерии. „Ако тоа не е агресија, тогаш што е?“, запраша Пороченико и ја повика Мосвка да се придржува до мировниот план и да соработува во контролата на долгата граница со Украина и да ги повлече руските единици од нејзината територија.
Украинската армија исто така објави дека Русија натрупала сили на истокот од Украина и дека нападите на русјозаичните бунтовници се засилиле, бидејќи настојуваат да освојат што повеќе територија, откако со контраофанзивата од август минатата година ги потиснаа украинските сили далеку зад поранешната линија на фронтот и избија до приморскиот град Мариопул.
Претходно во Москва, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференција повторно тврдеше дека Русија на ниеден начин не е воено вклучена во судирот во југоисточна Украина и ги отфрли уште еднаш тврдењата на Киев и на Западот за руско воено присуство во соседната земја пак барајќи од нив да ги изнесат доказите за тоа.
„Секогаш велам: доколку нешто тврдите со таква увереност, покажете ги доказите. Но никој не може да го покаже доказите или тоа не сака. Оттаму, пред да побарате од нас нешто на престанеме да го правиме, ве молам да ги покажете доказите дека тоа го правиме“, порача шефот на .руската дипломатија
Истовремено ги обвини земјите членки на НАТО и на ЕУ дека со доставување оружје спротивно на прописите на Европската унија и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), всушност ги поттикнуваат воинствените струи во Киев кои решението на кризата го гледаат преку воен пат. Лавров побара од Украина веднаш да ги прекине нападите и да го повлече тешкото вооружување од линијата на раздвојувањето, како што е договорено со една од точките од Минската спогодба за прекин на огнот.
Шефот на руската дипломатија призна дека рускојазичните бунтовници под своја контрола имаат поголема територија отколку што било предвидено со мировниот договор од почетокот на ланскиот септември постигнат во белоруската престолнина Минск, но истакна дека добил убедувања од челниците на бунтовници дека се подготвени да се повлечат на демаркационата линија договорена во Минск.
Бунтовниците своите акции ги оправдаа со обвинувањата дека украинската армија довела нови сили на боиштето и дека не се придржувала до договорот од Минск во кој според една од 12-те точки тешкото вооружување требаше да биде повлечено од двете страни во широчина од 30 километри од линијата на раздвојувањето. Киев, пак ги обвинува дека заземале 500 квадратни километри територија од договореното.
Лавров прес-конференцијата ја одржа неколку часа пред да отпатува во германската престолнина Берлин, каде што за украинската криза ќе разговара со колегите од Украина, Германија и Франција.
Во пресрет на средбата германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека „Целат, секако, е исто така да се разгледа дали е дојдено до некаков напредок во подготовката за можниот четиристран самит во Астана (казахстанската престолнина каде што требаше минатата седмица да биде одржана самит со учество на челниците на Украина, Русија, Германија и Франција, но беше откажан поради зголемувањето на насилството во источните украински региони – з.р.). Не сакаме уште еден состанок на претседателите кој нема да даде резултат“, изјави Меркел на заедничката прес-конференција со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.
„Се надевам делка вечерва ќе видам некои контури (на можниот самит). Меѓутоа, не сакам многу да полагам надежи. Јасно е дека примирјето е сé покревко“, заклучи Меркел./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
„Фајненшл тајмс“: ЕУ формира нова разузнавачка единица под водство на Фон дер Лајен
Европската комисија започна со создавање ново разузнавачко тело под претседателката Урсула фон дер Лајен, во обид подобро да ги искористи информациите собрани од националните разузнавачки агенции, објави денес „Фајненшл тајмс“.
Единицата што ќе се формира во рамките на секретаријатот на Комисијата планира да регрутира службеници од целата разузнавачка заедница на ЕУ и да собира разузнавачки информации за заеднички цели, објави весникот, повикувајќи се на четири лица запознаени со плановите.
Ројтерс не можеше веднаш да го потврди извештајот.
фото: принтскрин
Европа
Русите велат дека спречиле голем украинско-британски заговор: „Сакаa да киднапираат ‘миг-31’“
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека осуетила заговор на украински и британски разузнавачки службеници да ги убедат руските пилоти да украдат авион МиГ-31 вооружен со хиперсонична ракета Кинжал за 3 милиони долари, објавија државните медиуми.
Новинската агенција РИА го цитираше ФСБ како вели дека киднапираниот авион требало да биде пренасочен кон воздухопловната база на НАТО во романскиот град Констанца, каде што би можел да биде соборен од воздушната одбрана, соопшти агенцијата.
ФСБ, главниот наследник на КГБ од советската ера, вели дека Украина и Велика Британија планирале голема „провокација“ користејќи го киднапираниот авион и дека украинските воени разузнавачки службеници се обидувале да ги намамат руските пилоти за 3 милиони долари за да го украдат авионот.
„Преземените мерки ги осуетија плановите на украинското и британското разузнавање за голема провокација“, цитираше РИА функционер на ФСБ.
Државната телевизија емитуваше фотографии од пораки и снимки од човек за кој се вели дека работел за украинската и британската разузнавачка служба и му понудил 3 милиони долари на руски пилот да лета со МиГ до Европа и дека на пилотот му е понудено државјанство.
Рускиот Кинжал е балистичка ракета лансирана од воздух што Москва ја нарекува хиперсонична, способна за големи брзини и маневрирање на патеките на летот за да им го отежни на воздушната одбрана следењето и пресретнувањето.
Русија долго време ја смета Велика Британија за свој главен непријател. Москва го обвинува Лондон за поттикнување на војната во Украина, а британското разузнавање за помагање на Украина да започне серија операции длабоко на руска територија.
Велика Британија ја смета руската инвазија на Украина за империјално присвојување на земјиште. Лондон постојано предупредува дека руското разузнавање се обидува да посее хаос низ Велика Британија и Европа за да ја поткопа демократијата.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Украинците ја нападнаа Русија со дронови: погодена голема рафинерија за нафта
Рафинерија за нафта во рускиот град Саратов беше нападната од украински беспилотни летала во текот на ноќта, според објавите на локалните канали на Телеграм кои споделија снимки на кои наводно се гледаат експлозии во објектот.
Гувернерот на областа Саратов, Роман Бусаргин, потврди на Телеграм дека беспилотните летала оштетиле цивилна инфраструктура, но не кажа директно дали самата рафинерија била погодена. Руските медиуми објавија дека по инцидентот привремено се воведени ограничувања за летови на регионалниот аеродром.
Ukrainian attack drones just successfully struck Russia's Saratov oil refinery, setting the facility ablaze.
The refinery, owned and operated by Russia's Rosneft, processes about 7 million tons of crude oil per year. pic.twitter.com/9S9Qn45YfF
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) November 10, 2025
Рафинеријата во Саратов произведува повеќе од 20 видови нафтени деривати, вклучувајќи бензин, дизел, мазут и битумен. Според податоците на украинскиот Генералштаб, во 2023 година фабриката преработила околу 4,8 милиони тони сурова нафта.
Саратов е важен индустриски центар, сместен на околу 150 километри од границата со Казахстан и приближно 600 километри источно од украинскиот фронт.
Инцидентот се случил во време кога Русија бележи серија слични експлозии и пожари во објектите на енергетската инфраструктура, а Москва сè повеќе ја обвинува Украина за напади со беспилотни летала врз цели длабоко на руска територија.
фото: принтскрин

