Спорт
Како така? Најсмешниот автогол ни доаѓа од шкотската трета лига

Голманот на шкотскиот третолигаш Дамбардон, Сем Ремсботом е одговорен за еден од најсмешните автоголови во историјата на фудбалот, откако го постигна единствениот гол во пресметката со Форфор.
24-годишниот Ремсботон во 57. минута од мечот, откако ја доби топката со многу простор пред себе, кога забележа дека еден напаѓач на Форфор му се доближи, ја шутна топката во грбот на соиграчот Рајан Мекгивер, и таа полека се упати гон голот.
Dumbarton just conceded this goal to Forfar. ???
Welcome back L1 & L2! #ScottishFootballpic.twitter.com/yDe5Cw6eEN
— Mozza | Derek ??????? (@MozzaPlays) March 20, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Мбапе најефикасен дебитант во историјата на Реал

Килијан Мбапе го запиша своето има во историјата на Реал Мадрид.
Синоќа, Реал, по пресврт, ја победи Мајорка со 2:1 и ја одложија прославата на титулата на Барселона за најмалку 24 часа. Францускиот напаѓач го постигна првиот од двата гола за домашниот тим.
Мбапе е во одлична форма на крајот од сезоната, постигна шест гола во последните четири натпревари (три во Ел Класико) и сега има 40 гола во сите натпреварувања во сезоната 2024/25.
Kylian Mbappé WHAT a goal! 🤯 pic.twitter.com/sr3lm6JGV3
— KM (@Kylian) May 14, 2025
Мбапе е првиот играч во историјата на славниот клуб од Мадрид кој постигнал 40 гола во својата дебитантска сезона.
За споредба, Роналдо постигна 33 гола во својата прва сезона (2009/10).
Французинот дојде во Мадрид како слободен играч минатото лето од ПСЖ, а претходно играше за Монако.
Another day, another Kylian Mbappé goal.
That's 40 goals for the season at Real Madrid. ⚽ pic.twitter.com/Vum3tqCL6J
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) May 14, 2025
Спорт
Марсека и наредната сезона ќе го предводи Челзи

Енцо Мареска ќе го предводи Челзи и следната сезона, објави британскиот јавен сервис Би-Би-Си.
Според овој извор, Лоренс Стјуарт и Пол Винстални планираат Италијанецот да остане на клупата на двократниот европски шампион барем до јуни 2026 година, дури и ако тимот не се квалификува за Лигата на шампионите следната сезона.
На две кола до крајот, Челзи е на петтото место на табелата во Премиер лигата, односно на позиција што гарантира пласман во елитното европско натпреварување.
До крајот на сезоната „сините“ ги очекуваат натпревари против Манчестер јунајтед и Нотингем Форест во шампионатот, додека ќе се соочат со Бетис во финалето во Конференциската лига на 28 мај.
Спорт
Ханси Флик ставил осуммина на трансфер листата

Во финишот на успешната сезона, фудбалскиот клуб Барселона ги крои плановите за летниот преоден рок.
Како што објави „Диарио Спорт“, осум фудбалери ќе бдат ставени на трансфер листата. Според овој извор, тренерот Ханси Флик дал зелено светло играчите да бидат продадени доколку клубот добие задоволителни понуди.
„Диарио Спорт“. тврди дека Инака Пења, Роналд Араухо, Хектор Форт, Френки де Јонг, Гави, Пабло Торе, Пау Виктор и Ансу Фати кои ќе бидат продадени ова лето.
Претходно, Гави се сметаше за недопирлив, но по повредата која го оддалечи од терените речиси една година и доаѓањето на Флик, тој го загуби местото во стартниот состав.
Кога е во прашање Фати, од него се очекуваше многу, но во последните месеци тој не беше на ниво и Флик сака да му го види грбот.
Наводно, во Барселона се подготвени да слушнат секоја понуда што ќе им стигне, освен за Ламин Јамал, кој не е на продажба.
Јамал има само 17 години и е еден од најдобрите играчи во светот оваа сезона. Тој постигна 16 гола и имаше 24 асистенции.
Кога станува збор за засилувања, Барселона бара нов лев бек, напаѓач, офанзивен играч од средниот ред и голман доколку Шчесни одлучи да се врати во пензија.
Сè уште нема конкретни информации во врска со играчите кои треба да дојдат во Барселона.