Црна хроника
Во Тетово од куќа украдени 29 илјади евра
Засега непознат сторител извршил кражба тешка 29 илјади евра, во куќа -сопственост на четириесет идвегодишниот И.Р.
Тешката кражба сторителот ја извршил влегувајќи низ незаклучена врата од куќата влегол внатре, се качил во вториот кат и во спалната соба извршил пребарување, го извадил капачето од предната десна страна на термо – печката за греење која била до прозорот и од внатрешноста извадил најлонска ќеса која била во црна мала чанта. Крадецот ги земал парите кои се наоѓале во чантата и што го напуштил лице местото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.