Контакт

Црна хроника

Оружен грабеж во центарот на Охрид

Објавено пред

Маскиран и вооружен разбојник синоќа ограбил маркет во центарот на Охрид, информираат од Министерството за внатрешни работи

dobivaj vesti na viber

Грабежот се случил околу 20 часот кога разбојникот влегол во Топ маркет на булевар „Туристичка“ и почнал да и се заканува на вработената и да и бара пари, при што ја однел до касата. Продавачката ја отворила касата под закана и разбојникот од таму украл околу 900 евра и побегнал во непознат правец.

Црна хроника

Групна тепачка во Батинци

Објавено пред

На 29 август 2025 година, околу 23:30 часот, во село Батинци кај Скопје избила групна тепачка во која учествувале повеќе лица, потврдија од МВР.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, поради претходно нарушени меѓусоседски и семејни односи, дојде до физичка пресметка помеѓу две групи жители на Батинци, во која биле употребени тврд предмети и остри оружја.

Во првата група учествувале Ф.С. (27), Е.С. (18), Р.С. (22), С.С. (36) и С.С. (29), сите од Батинци, а во втората М.М. (21), Д.М. (20), Е.М. (22), Г.М. (24), Џ.М. (65), сите од истото село и И.Б. (19) од Тетово.

Од МВР информираат дека увид е извршен и случајот е целосно документиран, а по завршувањето на постапката ќе следуваат соодветни кривични поднесоци против учесниците.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Четири лица, меѓу кои и деца повредени во сообраќајка во Коњари

Објавено пред

На автопатот „Гоце Делчев“, во близина на клучката Коњари, вчера попладне се случила тешка сообраќајна несреќа во која се превртело патничко возило „хонда“ со скопски регистарски таблички, информира МВР.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила на 30 август, околу 13:15 часот, во правец од Свети Николе кон Скопје. Возилото го управувал 36-годишниот З.Н. од Скопје.

Според информациите, со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а со телесни повреди се здобиле возачот, неговата сопатничка С.Н. (36) и уште едно малолетно лице. Повредените се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид од екипа на СВР Скопје, а причините за несреќата се испитуваат.

 

Прикажи повеќе...

Топ

Притвореник побарал лекарска помош и починал во ќелија во затворот во Шутка

Објавено пред

Притвореник од Долно Коњари вчера починал во КПУ Затвор Скопје, информираат од полицијата.

dobivaj vesti na viber

-На 30.08.2025 околу 15:30 часот во СВР Скопје од страна на вработен во КПУ Затвор Скопје е пријавено дека М.П. (54) од Д. Коњари, кој бил во притвор, побарал лекарска помош. Од страна на доктор од Итна медицинска помош во 15:58 часот била констатирана смрт, без траги на насилство, се наведува во соопштението од полицијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет33 минути

(Видео) Снимен моментот кога силен земјотрес го погоди Авганистан: досега најмалку 622 загинати

Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди источен Авганистан ноќеска, при што загинаа најмалку 622 лица, а повеќе од...

Европа2 часа

(Видео) Путин: Оваа криза не започна со рускиот напад врз Украина, резултат е на државниот удар во Украина, кој Западот го поддржа

Рускиот претседател Владимир Путин денес се обиде да ја оправда инвазијата на Украина пред сојузниците, обвинувајќи го Западот за провоцирање...

Македонија2 часа

Нема активни пожари во Македонија

Во изминатото деноноќие до 07:00 часот утрово, на територијата на Македонија имаше вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои...

Македонија2 часа

Почнува учебната година, во клупите ќе седнат 177.800 основци и 67.200 средношколци

Новата учебна 2025-2026 година ќе ја започнат 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. Настава ќе има до...

Свет3 часа

САД го укинаа издавањето визи за речиси сите Палестинци

САД го укинаа издавањето визи за речиси сите носители на палестински пасоши, објави „Њујорк тајмс“ во неделата. Ограничувањата се построги...

Свет4 часа

Руди Џулијани тешко повреден во сообраќајна несреќа во САД

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани (81), е повреден во сообраќајна несреќа во американската држава Њу Хемпшир, јавува Би-би-си. Според...

Свет4 часа

(Видео) Автомобил се забил во рускиот конзулат во Сиднеј

Автомобил се забил во рускиот конзулат во Сиднеј, а едно лице поврзано со судирот е уапсено, објави утрово австралискиот телевизиски...

Македонија4 часа

Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија15 часа

Пожарот во Вардариште е под контрола, дел по дел Скопје добива струја

Пожарот во депонијата Вардариште е ставен под целосна контрола, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Поради големиот пожар повеќе...

Македонија15 часа

Вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни, осум изгаснати, а еден под контрола

Заклучно со 18:00 часот, на територијата на државава има вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни,...

Македонија17 часа

Цел Аеродром без струја поради голем пожар на Вардариште

Голем пожар изби попладнево на дивата депонија Вардариште каде што е зафатен поголем простор и постар објект. Во моментот интервенираат...

Топ19 часа

Притвореник побарал лекарска помош и починал во ќелија во затворот во Шутка

Притвореник од Долно Коњари вчера починал во КПУ Затвор Скопје, информираат од полицијата. -На 30.08.2025 околу 15:30 часот во СВР...

Македонија21 час

Утре почнува учебната година, во клупите ќе седнат 177.800 основци и 67.200 средношколци

Новата учебна 2025-2026 година утре ќе ја започнат 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. Настава ќе има...

Регион23 часа

Поевтини цени на околу 25 видови производи ќе има во Србија во следните шест месеци

Во Србија од утре и во следните шест месеци, цените на околу 25 видови производи треба да бидат пониски, бидејќи...

Свет1 ден

Момче загина од мина обидувајќи се да ги врати козите, неговата професорка напиша емотивна порака

Вчера, 19-годишниот Мехмед Хасанамиџиќ го загуби животот во населбата Хоџиќи во Добој. Според извештаите, младиот човек влегол во обележаното минско...

Македонија1 ден

Паднати дрвја, настрешници и покриви, оштетени моторни возила и скинати кабли на ЕВН по вчерашното невреме во Скопје

Вчерашното невреме што го зафати Скопје предизвика бројни проблеми и материјални штети во различни делови на градот. На бројот за...

Скопје2 дена

(Видео) Вистинска драма кај „Борис Трајковски“, евакуација на публика, 9 полицајци завршија во болница

Попладнево околу 16 часот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје изби пожар кој предизвика паника кај учесниците...

Скопје2 дена

Силното невреме причина за повеќе пожари во Скопје, сите се изгаснати или локализирани

Попладнево скопскиот регион беше зафатен од силно невреме проследено со силен ветер и дожд, по што речиси истовремено избија повеќе...

Регион2 дена

(Видео) Драма на скопскиот аеродром: Aвион од Крит со 200 лица слета во Скопје наместо во Белград

Патници на авиокомпанијата „Виз ер“ кои требаше да летаат од Крит за Белград, наместо тоа завршија на аеродромот во Скопје...

Скопје2 дена

(Фото) Скопје на удар на невреме, силен ветер, паднати дрва, пожари во делови од градот

Скопје се соочува со нестабилни временски услови во текот на денешниот ден. Во моментов, во градот дува многу силен ветер,...