Црна хроника
Уапсен познат член на подземјето, осомничен за изнуда

Во вторникот е приведен Руждија Кујевиќ, познат член на скопското и македонско подземје, е осомничен за изнуда, соопштија од Министерствто за внатрешни работи
Руждија Кујевиќ, кој има црногорско државјанство и кому му е истечена дозвола за престој во Македонија изминатите два месеци му барал пари на скопјанец за да го заштитува. Минатиот месец успеал да извлече од него 500 евра, па потоа му побарал уште десет илјада евра „за да го штити подобро“. Откако скопјанецот одбил, почнал да му се заканува дека ќе го убие него и неговите блиски. По извесен период побарал да му даде 1.500 евра, како трошоци за неговиот ангажман и обезбедување. Неможејќи да ги издржи притисокот и заканите, скопјанецот го пријавил во полиција. Тој е приведен во кафе барот „Еквестриан“ во трговскиот центар „Скопјанка“ по претходно договорена средба со скопјанецот, на која требало да му даде илјада евра. Против него е поднесена кривична пријава за изнуда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.