Спорт
Ферстапен незадоволен по трката во Бахреин

Макс Ферстапен нема причина за задоволство по првата трка во новата сезона. Холанѓанецот од Ред Бул, Големата награда на Бахреин ја заврши на второто место, иако тој беше апсолутен фаворит пред трката, која ја почна од пол-позицијата.
Фрестапен во самиот финиш на трката, на четири круга до крајот, во свиокот број 4 успеа да излезе пред Хамилтон, но тимот му порача да ја врати позицијата бидејќи во тој момент со сите четири тркала бил надвор од патеката.
Ферстапен смета дека требало да го остават да вози пред Хамилтон, тој изјавил дека во тие последни кругови ќе можел да направи доволна предност, која не би му ја загрозила првата позиција.
„Зошто не ме оставивте да возам, можев лесно да ги надоместам тие пет секунди? Подобро да останев без победата отколку што на ваков начин останав на второто место“, му порачал преку тимското радио Ферстапен на својот тим.
Ред Бул тврдат дека такви инструкции добиле од директорот на трката.
„Да, излегов од патеката, ја вратив позицијата и се обидов повторно, но моите гуми не беа во добра состојба да го извлечат тој притисок. Штета“, изјавил Ферстапен за „Скај спорт“.
With four laps to go, Max takes almost certain victory from Lewis
And then hands it back to him moments later #BahrainGP ?? #F1 @LewisHamilton @Max33Verstappen pic.twitter.com/PJoXhaCjHd
— Formula 1 (@F1) March 28, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нотингем Форест го засили нападот

Арно Калимуендо, до неодамна играч на Рен, потпиша договор со Нотингем Форест.
Францускиот клуб доби 30.000.000 евра обештетување, а двократниот европски шампион со овој трансфер најави големи амбиции во новата сезона, во која ќе се натпреварува и во Лига Европа.
Калимуендо ја започна својата кариера во Пари Сен Жермен, но таму играше многу малку. Пред три години се пресели во Рен, каде што одигра одлични натпревари. Постигна 40 гола и имаше 14 асистенции.
Третиот е најскапото засилување на клубот во овој преоден рок. Форест издвоија повеќе од него за Омар Хачинсон и Ден Ендо.
Нотингем, ја отвори новата сезона во Премиер лигата со убедлива победа од 3:1 против Брентфорд.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Епизода од една сезона, Ферари нашле замена за Хамилтон?

Луис Хамилтон се пресели од Мерцедес во Ферари со големи амбиции, но првиот дел од сезоната за седумкратниот првак е вистински кошмар. Исклучок е спринт трката за Големата награда на Кина, каде победи Британецот. Особено разочарувачки беше неговиот настап во Унгарија, не успеа да влезе во последната квалификациска сесија, стартуваше 12-ти и на таа позиција ја заврши трката.
Хамилтон е свесен дека има лоша сезона, дури во Унгарија изјави дека е „бескорисен“.
Според извештаите, во Маранело се бара замена за 40-годишниот Британец, а поранешниот возач и коментатор на „Скај Спортс“, Џони Херберт, тврди дека веќе е познато кој ќе го наследи.
Според Херберт Хамилтон треба да го заземе Карлос Саинц. Шпанецот возеше за Ферари од 2021 до 2024 година, замина во Вилијамс кога Ферари објави дека го ангажирале Хамилтон.
Ниту тој, ниту Хамилтон, не се снаоѓаат добро во своите нови тимови, па се очекува дека ќе се врати во Маранело. Саинц освои триесет и осум бода помалку од колегата Алекс Албон оваа сезона, но во Ферари сè уште го сметаат за соодветно решение.
Хамилтон е седумкратен светски шампион. Роден е во Стивениџ и се занимавал со картинг во таа јуниорска категорија во програмата на Мекларен, освојувајќи ја титулата во серијата GP Two во 2006 година.
Дебитираше во Формула 1 во 2007 година за Мекларен, заврши како второпласиран и следната година ја освои својата прва титула.
Се пресели во Мерцедес во 2013 година и доминираше во хибридната ера, освојувајќи титули во 2014, 2015, 2017, 2018, 2019 и 2020 година. Тој ги држи повеќето клучни рекорди во историјата на шампионатот, вклучувајќи го бројот на победи, пол позиции и места на подиумот. Тој е изедначен со Михаел Шумахер по бројот на титули.
Foto/ EPA/Boglarka Bodnar
Спорт
НБА шампион пристигна во Басконија

Гвинејскиот кошаркар Мамади Диаките потпиша двегодишен договор со Басконија.
Во НБА, тој играше за Милвоки, Оклахома, Кливленд, Сан Антонио и Њујорк. Стана НБА шампион со Милвоки Бакс во 2021 година.
Дијаките ја помина минатата сезона во Вели Санс, филијалата на феникс во развојната НБА лига. Имаше просек од 13,6 поени, 8,4 скока и 2,2 асистенции по натпревар.
Кошаркарите на Басконија ќе го пречекаат Олимпијакос во првото коло од Евролигата на 30 септември.
Фото/ Принтскрин