Спорт
Новак му ги покажa на синот тајните на тенисот (видео)

Првиот светски тениски рекет Новак Ѓоковиќ по пауза од месец и половина се очекува да настапи на Мастерс турнирот во Монте Карло.
Тој нема настап уште од триумфот на Австралија опен, од финалето против Медведев, но од тогаш траат подготовките за неговото враќање на теренот.
Ја залечи повредата на мускулот на стомакот и ќе биде прв носител на турнирот во кнежевството.
Освен стандардните спаринг – партнери, тој на теренот имаше и еден „мал помошник“.
Се работи за неговиот син Стефан кој уште еднаш покажа дека е многу заинтересиран да ги дознае тајните на „белиот спорт“.
Камерите го уловија тренингот на таткото и синот Ѓоковиќ:
Meanwhile, Novak Djokovic is hitting with his son
(? nd_coaching_team Instagram) pic.twitter.com/GHmWAhm4GM
— We Are Tennis (@WeAreTennis) April 1, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Одложени кошаркарски натпревари поради локалните избори

Сите кошаркарски натпревари во младинска и сениорска конкуренција закажани од 14 до 19 октомври се одложуваат поради претстојните локални избори во Македонија.
Министерството за внатрешни работи (МВР) извести дека полициските службеници ќе бидат целосно ангажирани за обезбедување на изборниот процес.
Натпреварите ќе се одржат во нови термини од 20 до 22 октомври. Доколку клубовите се договорат, мечот може да биде одигран и по овие датуми, но само со писмена согласност и најдоцна до почетокот на следното коло (25–26 октомври).
Спорт
Позната е каква е состојбата со Мбапе

Килијан Мбапе мораше да го напушти теренот во финишот на Франција – Азербејџан поради болка во зглобот, но лекарите потврдија дека нема причина за загриженост.
Првиот стрелец на Реал Мадрид веќе имал слични тегоби, како на дуелот со Виљареал, но тоа не го спречи да постигне гол. Французинот ќе биде подготвен за следниот натпревар, а пред повредата го отвори резултатот за својата репрезентација.
Спорт
Енигматична објава на Модриќ покажува каков мајстор е надвор од теренот

По ремито во Прага против Чешка (0:0), Хрватска е сè уште во одлична ситуација и се приближува до пласман на Светското првенство. На Хрватите им се потребни две победи во преостанатите три натпревари, а првиот треба да го добијат утре против слабиот Гибралтар.
Секако, на овој дуел не се очекува ништо друго освен победа на Хрватска, а капитенот Лука Модриќ тоа на некој начин го најави.
Фудбалерот од средниот ред на Милан верува дека тоа е можност да ги мотивира своите соиграчи, па објави интересна порака на социјалните мрежи.
„Еден чекор поблиску до нашата цел! Пред сè Хрватска!“, напиша Лука Модриќ, кој го одигра својот 191-ви натпревар против Чешка во дресот на Хрватска.
Иако има 40 години, Модриќ сè уште игра фантастично и сите уживаат во неговите настапи, а се чини дека е сè уште гладен за победи, мотивиран како на самиот почеток од кариерата, додека својата енергија им ја пренесува на своите соиграчи поради што Хрватска е на самиот врв на светските фудбалски сили.
о шоу.