Црна хроника
Приведени крадец и педофил кои се барале со потерница

Полицијата деновиве приведе две лица, крадец и педофил кои се барале со потерница.
Во вторникот приведен е триесет и шестгодишниот Лабинот Ј. од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од три години, за сторено кривично дело “тешка кражба”. Тој е спроведен во Затвор – Идризово.Во средата, пак, приведен е четириесет и шестгодишниот Африм Р. од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од единаесет години, за сторено кривично дело “полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години”.Тој е спроведен во полициската станица „Кисела Вода“ за понатамошна постапка. /крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нова серија пријави за насилство меѓу малолетници во главниот град

Саботата во Скопје донела два инцидента со малолетници кои завршиле со пријави во полиција.
Првиот случај бил пријавен во СВР Скопје на 13 септември околу 13:30 часот од С.Д. (48) од Скопје. Тој изјавил дека претходната ноќ, околу 00:30 часот, неговиот 16-годишен син и негов другар, кои биле во друштво со свои пријатели и едно лице запознаено преку социјалните мрежи, биле физички нападнати од група други малолетници на подрачјето на Центар.
Само еден час претходно, во 12:00 часот, Д.С. (44) од село Шишево пријавила во полиција дека нејзината малолетна ќерка била физички нападната од свој соученик во Ѓорче Петров.
Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи и за целосно документирање на настаните.
Црна хроника
Во Вардар пронајдена неексплодирана граната

На 12 септември попладне, помеѓу селата Рашче и Радуша, во водите на реката Вардар била забележана неексплодирана граната.
Полицијата веднаш реагирала и го обезбедила местото. Веќе следниот ден, на 13 септември, стручни екипи од Дирекцијата за заштита и спасување ја извадиле гранатата. Констатирано било дека станува збор за неексплодирана рачна противтенковска граната – РПГ.
Случајот е целосно документиран, а опасноста навреме отстранета.
Црна хроника
Тетовец (84) загина на нива, врз него паднало дрвото кое го сечел

Тетовското село Подбреѓе стана место на трагедија. Во саботата напладне, жителите на околината забележале нешто необично во една нива – таму било пронајдено безживотно тело на 84-годишниот М.С. од Тетово.
Лекарите од Итната медицинска помош само можеле да констатираат смрт. Истрагата открила дека несреќата се случила додека старецот сечел дрва во својата нива. Едно од нив паднало врз него и му нанело тешки повреди од кои починал на самото место.
Полицијата веднаш извршила увид, а присуствувале и јавен обвинител и судска медицина за целосно документирање на случајот.