Црна хроника
Во јули Царината поднесе десет кривични пријави
Заради сомнение за кривични дела изнесување и извезување добра под привремена заштита или културно наследство или природна реткост, криумчарење, транспортирање на добра подложни на акциза и за царинска измама, во јули 2009 се поднесени 10 кривични пријави против 10 физички лица и 5 правни лица
Една кривична пријава е поднесена против едно физичко лице-хрватски државјанин со иницијали З.Д., за сторено кривично дело: Изнесување, односно извезување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природна реткост, казниво по член 266 став 1 од Кривичниот закон, затоа што на ден 18 јули, на излез од Република Македонија на царинската испостава Табановце-автопат, во автомобил марка „Мазда” со хрватски регистарски ознаки, во сопственост на и управувано од страна пријавениот, во багажниот простор биле пронајдени 569 парчиња (стари пари, монети, огрлица, шноли за коса), добра кои се под привремена заштита, односно претставуваат културно наследство или природна реткост. Од страна на стручни лица од Управата за заштита на културното наследство дадено е мислење, според кое станува збор за антички материјал (монети) од непроценлива вредност кои датираат меѓу 1-12 век.Една кривична пријава е поднесена против едно физичко лице, грчки државјанин со иницијали С.М. за сторено кривично дело: Криумчарење, казниво по член 278 став 2 од Кривичниот закон, затоа што на ден 18 јули, на царинската испостава Богородица на влез во Република Македонија, во автомобил со германски регистарски таблички, во сопственост на пријавениот, биле пронајдени две непријавени икони со ликот Исус Христос, масло на дрво со димензии 72х41 см и Свети Атанасиј, масло на дрво со димензии 69,5х45 см. Од страна на стручно лице од Национална установа – Музеј Гевгелија, потврдено е дека иконите претставуваат значајно културно наследство и се оригинални дела на средовековната културна уметност со поширока хронологија од 14-18 век. Две кривични пријави се поднесени против две физички лица-турски државјани, за транспортирање на добра подлежни на акциза, што е кривично дело по член 59 став 1 од Законот за акцизи. При тоа.Една кривична пријава е поднесена против турски државјанин со иницијали З.А., затоа што при детален преглед на автобус со турски регистарски ознаки, кој сообраќал на редовна линија Струга-Истанбул, извршен на ден 3-ти јули на царинска испостава Деве Баир-на излез од Р.Македонија, во личниот багаж на пријавениот, кој бил водич на автобусот како и во ладилникот биле пронајдени непријавени и сокриени 51 штека цигари марка „EVA slims“ и „VIVA slims“ без контролни маркици во вкупна вредност од 18.720,00 денари, со што бил направен обид за избегнување на плаќање на давачки во износ од 28.531 денар.Една кривична пријава е поднесена против турски државјанин со иницијали Б.Џ., затоа што на ден 19 јули, на излез од Република Македонија на царинска испостава Деве Баир, во својство на возач на автобус со турски регистарски ознаки, кој сообраќал на линија Косово-Турција, се обидел да пренесе 20 штеки цигари марка Slims EVE без бандероли.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Седумдесет и петгодишен маж е најден починат во шахта
Седумдесет и петгодишен маж вчера е пронајден починат во шахта за водовод во гостиварското село Дебреше, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Вчера попладне С.Р., жител на Дебреше во полиција пријавил дека во шахта за водовод лоцирана во куќата на неговиот братучед го пронашол починат неговиот вујко А.Џ. (75)“, се вели во полициското соопштение.
На местото на настанот, увид извршиле јавен обвинител и екипа на криминалистичката полиција.
Телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.
Црна хроника
При контрола на СВР Тетово, одземени ножеви и боксирач од деца
Министерството за внатрешни работи информира дека се одземени ножеви и боксирач од малолетници при вчерашната акциска контрола на СВР Тетово спроведена во периодот од 14:00 до 16:00 часот во угостителски објекти на подрачјето на Тетово.
-При контрола во угостителски објект на улица „Љубо Божиновски Пиш“, кај 17-годишен малолетник биле пронајдени и одземени неколку ножеви и метален „боксирач“. Истовремено, при контрола во објект во склоп на Спортскиот центар, кај двајца малолетници биле пронајдени и одземени ножеви, се наведува во соопштението на МВР.
Од МВР посочуваат дека сите малолетници се приведени во полициска станица во присуство на родители, а по целосно документирање на случајот биле предадени на нивните родители.
Црна хроника
Возач на комбе не забележал човек зад возилото, го удрил и тешко го повредил
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека на 30 јануари 2026 година, околу 16:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на објект во изградба на подрачјето на Ѓорче Петров се случила несреќа со тешки последици.
Според пријавата, М.Д., управувајќи товарно возило – комбе, при движење наназад не го забележал Д.З. (51) од Скопје, кој се наоѓал покрај ограда зад возилото, при што го удрил. Повредениот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

