Спорт
Манчестер јунајтед пак тргнува по големиот фан Кулушевски
Манчестер јунајтед повторно е заинтересиран за Дејан Кулушевски од Јувентус, тврдат од „Калчомеркато“, иако „бјанконерите“ тврдат дека не се заинтересирани за зделка за младиот Швеѓанец.
20-годишниот Кулушевски беше поврзуван со трансфер на „Олд Трафорд“ пред од Аталанта да потпише со Јувентус за 35 милиони евра во јануари 2020 година. Тој имаше тешка адаптација во тимот на Андреа Пирло, со само три гола во 15 старта во Серија А, но неговиот талент е неоспорен.
Кулушевски во Јуве игра како втор напаѓач и десно крило и во клубот се надеваат дека со помош на Кристијано Роналдо ќе добие искуство. Од друга страна, тој влегува во профилот на фудбалери какви што ги сака Оле Гунар Солскјер – млади со голем потенцијал.
Минатата година Кулушевски призна дека го носел бројот 44 во Парма во чест на поранешното крило на Манчестер јунајтед, Аднан Јанузај.
„Бев во Шведска да го гледам Манчестер јунајтед и тогаш дебитира Јанузај. Влезе на теренот со фантастичен карактер. Му кажав на мојот татко дека сакам да бидам таков, да играм на таков начин. Се приврзав со тој број“, изјави Кулушевски во мај 2020.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сомнителен пенал го реши дерби Севилјано
Фудбалерите на Севилја славеа против Бетис во градското дерби со 1:0,
Севилја, со денешниот триумф се изедначи со Бетис, двата тима имаат по 12 бода, колку што има и Селта. Овие три тима се на делба од деветтата до 12.позиција.
Домашните први постигнаа гол во 10. минута, но Ејуке беше во недозволена позиција, па голот беше поништен.
На другата страна, голема шанса пропушти Витор Роке кога неговиот удар со глава успеа да го одбрани Ниланд.
Во средината на првиот дел од играта се обиде и Лукебакио од далечина кога Силва одлично реагираше, а до одморот немаше промена на резултатот.
Почетокот на вториот дел го донесе клучниот момент на натпреварот. Диего Љоренте играше со рака, Севилја доби пенал, а Доди Лукебакио беше сигурен од белата точка во 50. минута од натпреварот.
Пеналот е котраверзен бидејќи топката го погоди Љоренте кога тој беше свртен со грб, на само половина метар беше оддалечен од играчот кој шутираше, раката не беше до телото, но физички не можеше да биде.
По повик од ВАР собата, судијата Хуан Мартинез покажа на белата точка, теоретски имаше основа за пенал, но впечаток е дека сепак одлуката беше престрога.
Главниот судија покажа вкупно десет жолти картони, поради два жолти во финишот на мечот беше исклучен Нијанзу.
Спорт
(Видео) Спектакуларен пресврт на Брајтон против Тотенхем од -:2 до 3:2
Фудбалерите на Брајтон со спектакуларен пресврт славе победа над Тотенхем во 7.коло во Премиер лигата. „Галебите“ губеа на полувреме со 0:2, на крајот славеа победа со 3:2.
Како што покажа резултатото првиот дел апсолутно им припадна на фудбалерите на Тотенхем. Постигнаа два гола преку Џонсон во 23. и Медисон во 37.минута.
Домашните се разбудја во вториот дел и за само 18 минути направиа целосен пресврт. Резултатото го намали Минтех во 48., изедначи Рутер во 58, а целосен пресврт направи Велбек во 66.минута.
Брајтон се шести на табелата со 12 поени, Тотенхем имаат два бода помалку и се на деветтото место.
Спорт
(Видео) Ајнтрахт во 94.минута освои бод против Баерн
Фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт одиграа нерешено со Баерн Минхен во 6. коло од Бундес лигата.
Франкфурт и Баерн натпреварот од 6. коло го завршија со резултат 3:3, а домаќинот имаше повеќе причини да го слават нерешениот резултат.
Израмнија во 94. минута од натпреварот, кога Мармуш го постигна својот втор гол на натпреварот.
Баварците во 15. минута преку Ким дојде до предност, а само седум минути подоцна одговори Ајнтрахт. кога Мармуш го постигна својот прв гол.
Потоа Мармуш му асистираше на Етиките, кој во 35. минута погоди за водство на Ајнтрахт од 2:1. До крајот на полувремето Упамекано. израмни.
Во продолжение Баерн направи пшресврт и по вторпат поведе. Тоа се случи откако Олисе ја затресе мрежата на Ајнтрахт во 53. минута од натпреварот.
До 94. минута Баерн имаше предност и одеше на победа, а потоа на сцена стапи Мармуш кој го растажи Баерн Минхен.