Црна хроника
Пиеле сок со стројници, завршиле во болница

Сопружниците Б.М. (79) и Р.М. (70) од гостиварското село Трново во саботата околу 21:30 часот биле донесени од нивниот 51 годишен син Н.М. во Медицинскиот центар во Гостивар поради влошување на здравствената состојба откако во нивниот дом престојувале гости.
Според кажувањето на синот и мајката, во нивниот дом дошле три жени, од кои едната се преставила дека е од Албанија, а друга од селото Орќуше, со цел да најдат сопруг за албанска државјанка. При разговорот домаќините конзумирале сок, а по доаѓањето на нивниот син, гостите заминале. По заминувањето на жените, Б.М. и Р.М. веднаш заспале, а за кратко време една од жените се вратила објаснувајќи дека ја заборавила нејзината чанта, влегла во куќата и од една од фиоките зела женска чанта, по што ја напуштила куќата.
Н.М. притоа се посомневал во тоа што неговите родители толку брзо заспале, по што кај нив забележал знаци на поспаност и малаксаност и со возило ги пренел во МЦ-Гостивар.
Од страна на Р.М. притоа било кажано дека чантата која ја зела непозната жена е нејзина и во истата имало 1.300 евра, патни исправи на име на двајцата сопружници и здравствени книшки.
Сопружниците подоцна се префрлени во Клиничкиот центар во Скопје.
Гостиварската полиција превзема мерки за целосно расчистување на случајот. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.