Црна хроника
Македонски криминалци осудени на затворски казни во Перт
Стив Миленковски, некогашен шеф на моторџиската банда „Команчерос“ во Западна Австралија е осуден на 17 години затвор поради трговија со дрога во Перт, јавуваат австралиските медиуми.
На Миленковски му се припишува одговорноста за растурање на метиламфетамин низ улиците на Перт вреден 3,8 милиони долари.
Заедно со Миленковски, осудени се и неговите соработници Пол Да Сан Мартино, кој заработи девет и пол годишна затворска казна и Дејвид Таневски, осуден на осум години затвор.
Тројцата се осудени за нелегална продажба на над осум килограми метиламфетамин во периодот 2009-2010 година, кој Миленковски преку Да Сан Мартино го снабдувал од Сиднеј, откако претходно двајцата ги поврзал Таневски.
Дрогата ја криеле во автомобил што бил натоварен во камион и пренесен од Сиднеј во Перт. Полицијата пресретнала бројни кодирани пораки што тројцата ги испраќале меѓу себе, што довело до нивно апсење. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.