Црна хроника
Убиениот кај Теарце бил таксист
Мажот чие безживотно тело во недела попладне беше пронајдено во автомобил со убодни рани кај тетовското село Тераце, бил таксист соопштии во понеделник Министерството за внатрешни работи.
Убиениот е идентификуван како Рефет Асани, а неговото безживотно тело било пронајдено вчера попладне во местото викано Планиште, во атарот на Теарце, во такси возило марка „фолксваген венто“. На неговото тело се констатирани повеќе рани на главата и телото, нанесени со остар предмет. Како што информираат од МВР, телото на убиениот е предадено на обдукција. Засега полицијата нема осомничени за убиството, ниту, пак, се познати мотивите за ова дело.Тетовската полиција во недела околу 15 часот покрај реката Бистрица кај селото Теарце во автомобил марка „фолсваген венто“ кој бил во сопственост на 52-годишник од селото Добарце, пронашла починат маж со неколку убодни рани од остар предмет. Попроверката било констатирано дека автомобилот му бил продаден ан Асани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.

