Црна хроника
Закрепнува девојчето повредено во сообраќајката кај Битола
Второто девојче кое беше повредено во тешката сообраќајна несреќа на патот Битола – Ресен во вторникот, 24 часа по инцидентот во кој ги загинаа нејзината мајка и помладата сестра е во стабилна здравствена состојба.
Во вторникот рано попладнето на патниот правец Битола – Ресен спроти село Братиндол се случи сообраќајна незгода во којашто учествуваат „тико” управувано од 45-годишната Сузана К.(45) од селото Подмочани, ресенско и автомобил „форд ескорд” управувано од 44 годишен битолчанец.
Во незгодата на лице место починал Сузана, додека тешко телесно повредени беа нејзините сопатнички, шестгодишната ќерка Емануела и десет години повозрасната ќерка, како и возачот на „фордот”кои беа пренесени во Клиничката болница Битола.
За жал, малата Емануела и покрај повеќечасовните напори на лекарите, им подлегна на повредите, а останатите се задржани за лекување. Во вторникот лекарскиот конзилиум соопшти дека и 16-годишното девојче е во животна опасност, но за среќа во средата од Клиниката соопштија дека таа е во стабилна здравствена состојба. /крај/мф/аш
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец ја нападнал поранешната сопруга, па ја заклучил дома и и’ се заканувал
Полицијата во Гази Баба приведе 38-годишен маж кој ја нападнал поранешната сопруга.
Според информациите од МВР, тој вчера на пладне ја начекал 39-годишната жена на автобуска постојка во скопско село и физички ја нападнал.
Потоа, ја заклучил во неговата куќа и и’ се заканувал, а закани упатил и кон нивните деца.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.
Црна хроника
Раправија во работилница во Чаир заврши со пукање
Во СВР Скопје вчера во 16.44 часот Е.З.(25) од Скопје пријавил дека во неговата работилница на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, Б.Р.(36) од Скопје со пиштол испукал еден проектил кон него, но не го погодил.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Скопјанец со возило поминал преку ногата на малолетничка и побегнал
Вчера во 12.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, З.Г.(64) од Скопје, со патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки поминал преку ногата на малолетничка од Скопје и со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го пронашле и привеле лицето во Полициската станица Гази Баба.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.