Македонија
Антителата ќе се испитуваат на товар на Фондот само под одредени критериуми
Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека нема да може секој да испитува антитела на товар на Фондот, туку ќе бидат поставени одредени критериуми според кои ќе може да се прават такви тестови.
„Со директорот на Институтот за биохемија заклучивме дека има категорија граѓани кај кои има индикации да се прават испитувања на антитела. Затоа, одлучивме да се врати одлуката, да се прават испитувања на антитела на товар на Фондот во Инситутот за биохемија, но ќе дадеме соодветни критуериуми да не биде дека секој може да го прави тоа испитување бидејќи финансискиот товар е премногу голем. Во согласност со тоа дали прележале или не прележале коронавирус или треба индикација за вакцина во одреден период, ќе дадеме критериум и граѓаните ќе може да ги прават овие испитувања на товар на Фондот“, рече Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Бутел, Карпош и Сарај денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците од улицата Александар Турунџов во општина Бутел.
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улицата Панче Пешев бр. 1, 3, 5 и 7 во општина Карпош, како и корисниците од селата Глумово, Шишево и Матка во општина Сарај.
Македонија
Без вода делови од општина Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известувааат дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф – 5/4“ на бул. Илинден б.б, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од ул. Љубљанска до ул. Никола Парапунов. ( општина Карпош )
Македонија
Наутро студено, преку денот сончево време
Утрото ќе биде ведро и студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје наутро студено, во делови од котлината со услови за појава на магла, а преку денот сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура особено од средината на работната недела. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и за време на викендот кога наместа ќе бидат пообилни.