Македонија
Заев за Рашковски: Нема недопирливи, но никој не е виновен додека за него не се докаже вина
Во однос на истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, премиерот Заев вели дека нема недопирливи, но пресумцијата на невиност важи за сите.
Тој вели дека никој не може да се осуди додека за него не се докаже вина. Во одбрана на Рашковски, Заев рече дека тој патентирал систем, а софтверот го направила друга компанија.
„Само уште еднаш се потврдува за граѓаните дека нема недопирливи пред законот. Законот важи за сите, институциите си ја вршат својата работа, нема недопирливи ни од власта ни од опозицијата. Како што можам отворено да потврдам дека никој не е виновен додека не му се докаже вината, тоа било став секојпат. Пресумцијата на невиност треба да ја почитуваме. Уште еднаш можам да посочам дека генералниот секретар Мухамед Зекири ги доставил сите податоци за јавната набавка, до доказите за тестирање на системот, до неговата употребливост и слично, како е завршена. Секако, пресумцијата на невиност ја почитувам бидејќи тоа треба така да биде. Не може никој да го осудиме додека тоа не се докаже“, рече Заев.
На прашање зошто Владата нема контролен механизам што прави генералниот секретар на Владата бидејќи сега Обвинителството излезе со информации дека ексгенералниот секретар местел тендер пред очите на премиерот, Заев одговори: „Вие го осудивте во моментот“.
„Имате право на сопствено мислење и став. Никој не е виновен додека не се докаже вината. Јавната набавка е спроведена во согласност со Законот за Владата, во согласност со Деловникот за работа на Владата. Со Владата управува Генералниот секретаријат, генерален секретар. Владата набавувала куп системи, студии, анализи преку Генералниот секретаријат. Спроведена е постапката во согласност со законот од она што јас го видов. Ако е докаже спротивно, ќе се докаже дека истражните органи имале поинакво гледање, а на крајот судот ќе пресече. Пресудата е неприкосновената вистина. Тоа што го знам е според законот и Деловникот. Имаме 160 жртви од сообраќајни несреќи, целта е да ги преполови, ако може и да ги нема. Имаме повеќе од 3.200 лица со индивалидетет. Имаме анализи дека државата губи повеќе од 2.300 милиони евра. Немаме софтвер на Рашковски. Рашковски патентирал систем, софтверот е направен од ФИНКИ и другата фирма на тендер во согласност со буџетот. Апсолутно е спроведена постапката во согласност со законот“, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

