Црна хроника
Стружaнец ја пријавил поранешната сопруга дека му ставила дрога во кафето
Стружанец ја пријавил поранешната сопруга дека го отрула со дрога, додека заедно биле во парк и пиеле кафе.
„ Вчера во Полициска станица Центар од Комплекс клиники „Мајка Тереза“, било пријавено дека кај нив бил примен Д.К.(38) од Струга, по чие што кажување додека бил во парк во Тетово, заедно со неговата поранешна сопруга (25-годишна жена), таа му дала кафе во кое што, според пријавеното, биле ставени наркотични средства.
Жената била повикана во Полициска станица Тетово при што ги негирала тврдењата на пријавителот и изјавила дека имале средба со Д.К. за да го види своето дете но воопшто не пиеле кафе. Додека траела средбата, според нејзино кажување, на Д.К. му се слошило, а таа за настанот го известила и Центарот за социјални работи“ соопшти МВР.
Известен бил Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете од Куманово заврши во болница од петарди
Вчера во СВР Куманово лекар од Општа болница Куманово пријавил дека кај нив со повреди бил донесен малолетник.
Според пријавеното малолетникот со повредите се здобил од пиротехнички средства, односно петарди.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пронајдено безживотно тело на 77-годишен маж од Горно Оризари
Безживотното тело на 77-годишниот М.Г. од село Горно Оризари, велешко, вчера беше пронајдено во близина на ТИРЗ-Штип, откако неговото исчезнување беше пријавено од неговиот братучед.
Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, во полициската станица Велес вчера во 09:30 часот, У.К. (54) пријавил дека М.Г. го напуштил својот дом. Според пријавата, претходниот ден во 22:00 часот, пријавителот добил повик од пријателот В.С., кој поседува шлеп служба. В.С. му соопштил дека М.Г. го контактирал и му кажал дека неговото возило „Спарк“ со велешки регистарски ознаки излетало во дупка на регионалниот пат Штип-Радовиш.
В.С., заедно со пријавителот и други лица, во текот на ноќта извршиле претраги на споменатиот пат, но не успеале да го пронајдат М.Г.
На 4 јануари, во 12:00 часот, откако во СВР Штип пристигнала пријава од лицето Т.М. дека негов вработен забележал починато лице на коловозот во кругот на ТИРЗ-Штип, полициски службеници од ПС за безбедност во патниот сообраќај Штип, ОКТУПА при СВР Штип и екипа од ИМП Штип излегле на терен.
По извршениот увид од страна на надлежните служби, идентификувано е дека станува збор за исчезнатиот М.Г. Според насоките на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Штип, телото на починатиот е предадено за обдукција со цел утврдување на причините за смртта.
Топ
Осуденик од Тетово претепан од двајца затвореници во затворот „Идризово“
Осуденик од тетовското село Јеловјане бил физички нападнат од двајца осуденици од Скопје во затворот „Идризово“, информира Министерството за внатрешни работи.
Повредениот бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што му била укажана лекарска помош, а потоа бил вратен назад во казнено-поправната установа „Идризово“.
Вчера во 15:33 часот, во полициската станица Гази Баба, од Казнено-поправната установа „Идризово“ било пријавено дека истиот ден, околу 06:30 часот, осуденикот А.А. (27) од село Јеловјане, Тетово, бил физички нападнат од двајца осуденици – Т.Е. (32) и М.Ш. (50), двајцата од Скопје, се наведува во соопштението од МВР.
Од Министерството дополнуваат дека увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Гази Баба, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.