Црна хроника
По бркотница на Табановце, уапсен Србин баран со потерница
По бркотница со полицијата на граничниот премин Табановце, утрово околу 8:25 часот уапсен е српскиот државјанин М.О., кој е баран со меѓународна потерница
Како што соопшти МВР, при контрола на патниците, граничната полиција утврдила дека М.О. се бара со меѓународна потерница. При обид да го уапсат , Србинот почнал да бега во меѓуграничниот простор.Полицајците тргнале кон него во обид да го фатат и да го приведат. За време на бркотницата, М.О. го удрил по рака еден од полицајците кој во моментот држел службен пиштол. Од ударот, бил испукан еден куршум, при што случајно бил повреден друг полицаец во пределот на рамото.Државјанинот на Србија е приведен и полицијата работи на расчистување на случајот. Од МВР, се уште немаат информации за какви дела се бара криминалецот, но детали најавија за подоцна.Повредениот полицаец е пренесен во кумановската болница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена претепана од сопругот во Драчево, и го искршил и возилото
Синоќа во 22.00 часот во СВР Скопје, 42-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 17.30 часот во дворот од семејната куќа на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот сопруг М.Т.(43) од Скопје, кој потоа го оштетил нејзиното возило.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Се запали една од просториите на Поликлиника Чаир, нема повредени
Вчера во 07.35 часот во СВР Скопје, од Поликлиниката Чаир било пријавено дека настанал пожар во една од просториите во установата.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Увид бил извршен од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Нападната прилепчанка во скопски Аеродром: и ја украле чантата со пари и документи
Вчера во 13.00 часот во СВР Скопје, Љ.С.(28) од Прилеп пријавила дека на 10.01.2025 околу 23.08 часот на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила ѝ ја одзело чантата со документи, пари и други предмети.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.