Спорт
Роналдо нема да се врати во Реал
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ги демантирал медиумските шпекулации околу враќањето на Кристијано Роналдо.
Роналдо, во 2018 година, за 100 милиони евра го напушти Реал и се пресели во Јувентус.
„Тој нема да се врати во Реал. такво нешто не би имало смисол. Многу го сакам Кристијано, многу има дадено за Реал, но тој има договор со Јувентус. Приказните за негово враќање се без врска“, рекол Перез.
Открил какви пораки добива од навивачите кога ќе го сретнат на улица.
„Му порачуваат да го купам Мбапе. Мислам дека на Реал му се потребни промени. За десет години освоивме многу трофеи, но треба да ги раздвижиме работите. Работам на тие планови. Оваа година наместо 900 ќе имаме приходи од 600 милиони евра. И во 2000 година кога дојдов во Реал имавме многу проблеми. Ќе направам се Реал да остане на сегашните позиции“.
На крајот, Перез, рекол дека преговорите со Серхио Рамос биле тешки и дека одлуката дали капитенот ќе замине ќе биде донесена на крајот од сезоната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Ким го реши дербито во Минхен, Арсенал го декласира Спортинг
Баерн во дербито од петтото коло во Лигата на шампионите го победи ПСЖ со 1:0 направи чекор напред кон борбата за Топ 8, додека ПСЖ падна под плеј-оф линијата со третиот пораз.
Каков распоред имаат парижаните, прашање е дали воопшто ќе изборат место во плеј-офот.
Мечот со многу пропуштени прилики, на двете страни, глупаво добиениот црвен картон на Усман Дембеле го реши корејскиот стопер Ким Мин-Јае во 38.минута.
Робен Аморим замина од Спортинг, немаше добро деби на клупата на Манчестер јунајтед, а водечкиот тим на Португалија со новиот тренер доживеа дебакл од Арсенал (1:5). Победата Арсенал ја обезбеди по само 45 минути кога Мартинели, Хаверц и Габриел ја затресоа мрежата на домаќините. Голот на Игнасио во продолжението не беше посакуваната инјекција бидејќи Сака од пенал ги смири „лавовите“, а Тросар им ја запечати судбината.
Салцбург немаше шанса против Бундес шампионот Баер Леверкузен. Флоријан Вирц со два гола во првите 30 минути ја најви убедливата победа од 5:0.
Резултати:
Слован – Милан 2:3 (1:1)
/Берсегјан 24, Марсели 88 – Пулишиќ 21, Леао 68, Ибрахим 71/
Спарта – Атлетико 0:6 (0:2)
/Х. Алварез 15, 59, Љоренте 42, Гризман 70, Кореа 85, 89/
Барселона – Брест 3:0 (1:0)
/Левандовски 10 пен., 90+2, Олмо 66/
Баер – Салцбург 5:0 (3:0)
/ Вирц 8 пен., 30, Грималдо 11, Шик 61, Гарсија 72/
Баерн – ПСЖ 1:0 (1:0)
/Ким 38/
Интер – Лајпциг 1:0 (1:0)
/Лукеба 27 а.г./
Манчестер Сити – Феенорд 3:3 (1:0)
/Халанд 44 пенкало, 53, Гундоган 50 – Хаџ Муса 75, Хименез 82, Ханко 88/
Спортинг – Арсенал 1:5 (0:3)
/Инасио 47 – Мартинели 7, Хаверц 22, Габриел 45+1, Сака 65 пен., Тросар 82/
Јанг Бојс – Аталанта 1:6 (1:4)
/Ганвула 11 – Ретеги 9, 39, Де Кетеларе 28, 56, Колашинац 32, Самарџиќ 90+1/
Спорт
(Видео) Левандовски стана третиот играч со 100 гола во Лигата на шампионите
Роберт Левандовски, 36-годишниот полски фудбалер и напаѓач на Барселона, овој вторник го постигна јубилејниот 100-ти гол во кариерата во натпреварите од Лигата на шампионите.
Во десеттата минута од натпреварот од петтото коло во Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Брест, беше досуден пенал, а Левандовски постигна гол за 1:0. До крајот Полјакот постигна уште еден гол во победата на Барселона од 3:0.
Играјќи за Борусија Дортмунд, Баерн и Барселона, Левандовски го постигна 100-от гол во Лигата на шампионите. Најмногу постигна 69 од нив во дресот на Баерн. За Борусија постигна 17 голови, а за Барселона 14 гола.
Пред него се само двајца фудбалери, Португалецот Кристијано Роналдо има постигнато 140 голови, а Аргентинецот Лионел Меси има 129 гола. Зад Левандовски се Карим Бензема со 90 голови и шпанскиот напаѓач Раул со 71 гол.
Ова беше негов шести гол во тековната кампања во Лигата на шампионите, гол помалку постигнаа неговиот соиграч Рафиња, играчот на Спортинг, Ѓекерес и напаѓачот на Баерн, Хари Кејн.
Спорт
(Видео) Манчестер сити водеше со 3:0, на крајот освои само еден бод
Алармот е вклучен на „Етихад“, Манчестер сити не успеа да го победи Феенорд во Лигата на шампионите и покрај тоа што имаше предност од три гола до 75.минута. На крајот грешките на Јошко Гвардиол му овозможија на Феенорд да избори реми 3:3.
Манчестер сити не успеа да ја прекине лошата низа, по петте порази во сите натпреварувања, одигра нерешено против Феенорд во петтото коло во Лигата на шампионите.
Ако Гвардиола до овој натпревар изјавуваше дека не е загрижен, по дуелот со холандскиот тим ќе мора да го вклучи алармот. Очигледно е дека многу работи не функционираат во играта на неговиот тим.
„Граѓаните“ го отворија резултатот во 44.минута кога Халанд погоди од пенал. Норвежанецот во 50. минута зголеми на 2:0, а три минути подоцна Гундоган го постигна третиот гол.
Потопот на Сити започна во 75.минута кога Хаџи-Муса го намали резултатот, во 82. Сантијаго Хименез го врати Феенорд во игра, а Словакот Ханцко во 89.минута ги шокираше и навивачите и играчите на Сити.
По пет руни Сити има осум, а Феенорд седум бода.