Црна хроника
Охриѓанец измамен на „Фејсбук“ – платил 4.500 евра за да добие наследство

Охриѓанец бил измамен на „Фејсбук“ да уплати пари за да добие наследство за што требало да разговара со адвокат од Франција. 53-годишникот, кога сфатил дека е измамен, го пријавил случајот во МВР.
Тој рекол дека на 1 март преку порака што ја добил од друг профил бил известен дека е добитник на наследство поради што треба да стапи во контакт со адвокат од Франција.
Како што е пријавено, притоа добил информација дека како примател на наследството треба да уплати парични средства за да му биде префрлено на неговата трансакциска сметка по што во неколку наврати лично уплатил вкупно 3.730 евра, како и 800 евра што ги уплатил негов пријател.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен возач во Гостивар затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Денеска во 01.10 часот полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода И.Ф. (50) од село Долна Бањица, гостиварско.
При сообраќајна контрола на ул. „Живко Брајковски“ во Гостивар, било сопрено патничко моторно возило „шкода” со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал И.Ф., и по преземени мерки било констатирано дека И.Ф. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,17 промили алкохол во крвта.
Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297- а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило”.
Црна хроника
Уапсен возач од Скопско поради синоќешната сообраќајна несреќа на „Џон Кенеди“ во Скопје

Денеска во 00.30 часот на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 57-годишниот Ф.А. од село Визбегово, скопско.
На 09.05.2025 околу 21.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Џон Кенеди“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А. и мотоцикл „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ц.(25) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а возачот на патничкото возило „рено“ е лишен од слобода и во консултација со јавен обвинител ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка.
Црна хроника
Приведен стружанец, пијан возел мотоцикл и излетал од патот

Вчера во 06.35 часот полициски службеници од ОВР Струга на улицата „Боро Калајџиески“ во Струга, го лишиле од слобода 36-годишниот И.М. од Струга.
Тој претходно, пред казино лоцирано во населбата „Плитишта“ во Струга, управувајќи мотоцикл, излетал од патот, а по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека мотоциклот го управувал под дејство на алкохол, односно со 2,28 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297- а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило”.