Црна хроника
Измамен охриѓанец уплатил 4.500 евра за да добие наследство од Франција
Жител на Охрид останал без 4.500 евра, откако бил измамен преку социјалната мрежа „Фејсбук“, за што пријавил во полиција.
53-годишниот жител на Охрид пријавил дека на 1 март добил порака oд друг профил на социјалната мрежа со која го известиле дека е добитник на наследство, поради што побарале да стапи во контакт со адвокат од Франција.
Притоа добил информација дека како примател на наследството треба да уплати парични средства за истото да му биде префрлено на неговата трансакциска сметка.
Тој, во неколку наврати лично уплатил вкупно 3.730 евра како и 800 евра што ги уплатил негов пријател.
Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со пиштол удрил женско лице во кафеана: уапсен маж од Кочани
Вчера во 14.00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода О.Ц.(38) од Кочани.
Тој се сомничи дека околу 12.30 часот во угостителски објект во Кочани се однесувал агресивно и со пиштол удрил едно женско лице.
Подоцна, при претрес во неговиот дом и неговото возило „ауди“, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 7,65 мм, 25 куршуми калибар 7,65 мм и лисици за врзување.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Кривична пријава за директорка на училиште во Делчево, без да спроведе транспарентна постапка извршила набавка
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Ц. (52) од Делчево, директорка на средно училиште, поради постоење сомневање за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Таа, без да спроведе транспарентна постапка за набавка на стоки и услуги, извршила набавка од повеќе правни лица во вкупна вредност од 905.482 денари, а со Законот за јавни набавки е предвидено дека износот на извршени набавки без спроведена јавна набавка во текот на годината не смее да го надмине износот од 12.000 евра во денарска противвредност.
Црна хроника
Жена нападната од својот сопруг во семејниот дом
Вчера во 18:35 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг О.Ѓ.(38) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.