Црна хроника
Работник во Куманово повреден од заталкан куршум

Работник бил повреден во сабота попладне од заталкан куршум додека работел на објектот во Куманово, соопшти полицијата.
Четириесет иосумгодишниот Н.И. од Тетово додека работел на изградба на Државен Универзитет Тетово лоциран во Куманово, забележал некаков убод во пределот на грбот, но го занемарил, по што забележал дека на маицата која ја носел на себе имал траги од крв.
Нему му била укажана лекарска помош во Клиничкиот центар во Тетово, при што му била извршена хируршка интервенција и од задната страна на левото рамо поточно од мускулот му бил изваден проектил од непознат калибар од пиштолска муниција, по што е задржан на понатамошно лекување.
Наведениот проектил од пиштолска муниција ќе биде пратен до СКТ при МВР за вештачење. СВР-Куманово презема мерки за расчистување на случајот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.