Спорт
Перез: За да излезат од Суперлигата мора да платат, не се откажуваме од проектот
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, доцна синоќа гостувал на радиото Кадена СЕР. Перез говорел на актуелната тема, европската Суперлига, проект кој предизвика земјотрес во фудбалскиот свет. Откако 12 клубови (Реал, Барселона, Атлетико, Интер, Милан, Јуветус, Арсенал, Челси, Тотенхем, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Ливерпул), под притисок на УЕФА, јавноста, навивачите и владите на државите, одметниците се откажаа од проектот. Дали навистина се откажале или проектот е ставен во мирување, ќе покаже времето.
„Тажен сум. Три години работиме на проектот. Ла Лига е недопирлива, но форматото на Лигата на шампиони не е добра, интересен е само од четврт-финалето. Минатата сезона овие 12 клубови изгубија 650 милиони евра, што покажува дека форматот не е добра. Можете да добиете повеќе пари таму каде што големите не губат пари поради солидарноста со другите. Долго работевме на овој проект, но можеби не ја претставивме добро идејата“.
За клубовите кои се откажаа од европската Суперлига?
„Никој не се откажал во овој момент, бидејќи никој не платил пенали за да излезе од лигата. Имаше клубови кои не беа заинтересирани, но кои потпишаа обврзувачки договори. Колкави пенали треба да платат? Тоа нема да во откријам“.
Новиот формат на ЛШ од 2024 година?
„Не можеме да чекаме уште четири години. Мораме сега да го направиме тоа. Парите доаѓаат од натпреварување во кое има јаки натпревари. Мораме да договараме мечеви меѓу силни противници, како кога во тенисот играат Надал и Федерер“.
УЕФА?
„Не се плашам од одмазда. Без загрижен кога претседателот на УЕФА говореше за финансискиот фер-плеј. Тоа не звучи добро. Правилата мора да бидат фиксни, а не да бидат флексибилни. Нè убија со својата агресија. Нè чекаа. Кога ќе се соочат со реалноста ќе видиме што ќе се случи. Клубовите ќе изгубат повеќе од две милијарди евра“.
Протестите против европската Суперлига?
„На протестите пред ‘Стенфорд Бриџ’ имаше 40 навивачи на Челси. Можам да ви кажам и кој ги донесе таму, доколку ве интересира тоа. Ги донесе оној кој на играчите на Кадиз, синоќа, против Реал, им облече маици на кои пишуваше дека фудбалот се игра за навивачите“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонија со пораз од Данска го започна Европското првенство
Ракометната репрезентација на Македонија, со пораз го започна настапот на 17-то Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Во првото коло, во Б групата, Данска ја победи Македонија 36:24 (17:12).
Македонските репрезентативци, во Хернинг, дадода се од себе, но Данска го демонстрираше својот квалитет и покажа зошто е најдобриот тим во светот.
Македонија се држеше во првото полувреме, најмногу поради тактички добрата игра во нападот, одбраната не можеше да ги задржи ѕвездите на данската селекција.
Десет минути беше нерешено, а потоа Данците со молскавична серија 5:0 се одвоија на 8:3. Успеа Македонија да фати каков таков приклучок, намали на три гола и не реализира напад за минус два. На крајот првиот дел заврши 17:12.
Во вториот дел Данците го засилија темпото во одбраната, во првите 15 минути Македонија тешко доаѓаше до чисти позиции. Данците стекнаа двоцифрена предност и забележаа очекувана победа.
Најефикасни играчи во македонската репрезентација беа Серафимов со шест, односно Кузмановски и Митев со по четири гола. Најдобрите Данци, Питлик и Гидсел со девет осносно осум гола ја предводеа својата репрезентација.
Второто коло во Б групата на програмата е в недела, Македонија од 18 часот ќе игра против Португалија, а од 20.30 Данска ќе се соочи со Романија.
Foto/ EPA
Спорт
Тер Штеген пред трансфер во Џирона
Марк-Андре тер Штеген ќе ја напушти Барселона до крајот на преодниот рок. Германецот мора да брани доколку сака да биде во германската селекција на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.
Според шпанските медиуми, речиси сè е договорено, германскиот голман да се пресели во Џирона. Тер Штеген ги прифатил условите, а сè што останува е клубовите да ги дефинираат деталите за позајмицата.
Тер Штеген го загуби местото како прв голман со доаѓањето на Џоан Гарсија, а се мачеше и со повреди во претходниот период.
Бидејќи сè уште има што да покаже, логичниот следен чекор беше да ја напушти Барса, засега само привремено, а ќе видиме на лето кои ќе бидат следните чекори.
Foto/ depositphotos
Спорт
Скандал на ЕП во ватерполо – Покрената е истрага поради обложување
Неколку ватерполисти од репрезентацијата на Малта се под истрага поради сомнение дека се обложувале на гол-разликата на натпреварот од Европското првенство против Црна Гора во Белград.
Информацијата ја објави порталот „Тајмс оф Малта“. Според истиот извор, по повод настанот е покрената истрага, а повеќе детали ќе бидат познати во наредните денови.
Селекцијата на Црна Гора го доби споменатиот дуел од групната фаза со резултат 21:12. Малта беше поразена во Белград од Франција (22:13), Унгарија (21:6), а денес во битката за пласман од 13-то до 16-то место го победи Израел 16:15.
Foto/ EPA

