Црна хроника
Приведен крадец, кој нападнал полицаец со шрафцигер

Охриѓанецот со прекар Тарунот имал бурен ден пред да заврши во притвор. За време на провала во куќа во Охрид, каде бил фатен на дело за кражба, удрил полицаец, при што сакал да го прободе со шрафцигер, па откога го нападнал бегајќи паднал четири пати и се исекол
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во сабота во Охрид го привела 24-годишниот Ѓ.С. викан Тарунот, кој при апсењето му удрил тупаница на полицаецот и неуспешно се обидел да го нападне со шрафцигер.„Тарунот“ успеал да избега од апсењето и бегајќи од полицијата, кон охридскиот кеј, се сплеткал во металните огради и четири пати паднал.Пред да биде фатен во кражба на пари од женска чанта во спалната соба во домот на Т.Т. во Охрид, Тарунот си ја исекол десната рака кршејќи го прозорецот.Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Пациент во Тетово нападнал лекар и полицаец во болница

Полицијата од Тетово вчера попладне го приведе М.М. (28) од селото Челопек, по пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар кој се обидувал да му укаже лекарска помош.
Според МВР, по пристигнувањето на полицијата, осомничениот продолжил со агресивното однесување и нападнал и еден од полициските службеници.
М.М. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.